Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt

Escape Travel Agency

Зошто Верона е толку романтична?

Зошто Верона е толку романтична?

 

Можеби најпознатата љубовна приказна на сите времиња е Шекспировата трагедија за двајцата несреќни љубовници „Ромео и Јулија“. Токму затоа, градот во кој се одвива приказната, Верона, често се нарекува и град на љубовта.

Иако приказната за Ромео и Јулија е фикција, многумина веруваат дека е базирана на повеќедецениската кавга помеѓу две познати фамилии кои живееле во Верона. Денес постои куќа во овој мал италијански град за која се тврди дека е куќата на фамилијата Капулети, т.е. куќата во која израснала Јулија. Сосема нормално, градбата привлекува илјадници туристи секојдневно и е едно од најзначајните обележја на градот. Пред куќата е поставена и статуа од Јулија.

При посетата на куќата на Јулија, туристите ги впишуваат своите и имињата на најблиските околу влезот, поради тоа што веруваат дека тоа ќе им донесе среќа. Исто така, веќе е традиционално да се оставаат љубовни писма под балконот на кој се родила прекрасната љубовна приказна, со надеж дека тоа ќе ги оствари љубовните копнежи. Илјадниците писма што се оставаат секојдневно, се чистат од вработените, за дворот секогаш да биде во беспрекорна состојба.

Бронзата на левата дојка од статуата на Јулија е доста излижана, поради верувањето дека допирот со рака на тоа место од телото им носи љубов и плодност на жените.

Клубот на Јулија

Уште од 1930 година во Верона започнале да пристигнуваат писма адресирани до Јулија. Од 2010 година наваму, годишно пристигнуваат преку 5.000 писма. Три четвртини од писмата се напишани од жени, а најчести испраќачи се тинејџери од САД. Од 1980 година постои волонтерски клуб, Клубот на Јулија, финансиран од градот Верона, чии членови ги читаат и одговараат на писмата адресирани до љубовта на Ромео…

Верона насекаде низ светот е асоцијација за љубов. Сагата за Шекспировите Ромео и Јулија оставила траен печат на овој град. Сепак, Верона има многу повеќе да понуди од само љубовен мит. Верона е непретенциозна, ведра, релаксирана, едноставно – пријатно изненадување. Токму во овој северно-италијански град се наоѓа втората по големина арена во Италија, после Колосеумот во Рим. Арената во Верона е импозантно здание, во кое некогаш се одржувале гладијаторски борби, а денес е седиште на најголемите спектакли. Арената е лоцирана на еден од најпознатите плоштади во градот, Piazza Bra, простран плоштад преполн со барови и ресторани. Пешачка уличка Via Mazzini е срцето на градот и негов најелегантен дел. Таа ве води од последното “крило” на градските ѕидини до Piazza Erbe. Овој живописен плоштад истовремено е центар на значајни градби и скулптури, но и популарен градски пазар. Околу тезгите со разнобојни овошја и сувенири се наоѓаат многу познати скулптури, фонтани и зданија: Мадона Верона, Кулата Ламберти, прекрасната барокна палата Palazzo Maffei… Куќата на Јулија е најголемата туристичка атракција во Верона. Според некои историчари, куќата навистина припаѓала на фамилијата Капулети и датира од XIII век. Легендата вели дека за плодност треба да ја допрете десната града на статуата на Јулија, а за верност нејзината рака… Препорачуваме прошетка покрај реката Адиџе и поглед на градот од најубавиот мост, Понте Скалиџеро. Паузата за ручек искористете ја за порција паста на Ербе и потоа капучино на Бра, со поглед на Арената. Уживајте!

Доколку ова приказна допре до тебе, време е да го резервираш твоето место во автобус со Escape Travel.