Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt

Escape Travel Agency

Кој е тајниот рецепт за да собереш 3722 патници за три години на Крф!

Кој е тајниот рецепт за да собереш 3722 патници за три години на Крф!

Пред се почитувани, треба да знаеме дека аранжманот е цена којашто дел од вас може лесно да ја дозволи, а останатиот дел потешко. Ова не само нам, туку на сите кои водат бизнис во Македонија им е повеќе од јасно.
Цената на аранжманот се одредува според побарувачката на пазарот, бројот на патници, сместувачкиот капацитет, транспортот, а пред се најбитна е економската состојба на земјата.

Но, сепак би ве запрашале едно: Доколку можете да си ја дозволите цената на аранжманот дали ве исполнило тоа што ви се организира транспорт и сместување со седум ноќевања на остовот Крф, притоа никој да не помине покрај објектот во кој сте сместени и ве запраша, дали сте добро? Дали ви треба некој совет?
Нормално дека ДА. Доколку го немаше ова, за нас сета работа ќе беше еден голем минус!
Минус е да не се дружиме на вибер групите. Овие вибер групи создадоа пријателство помеѓу нас, создадоа добри врски помеѓу самите патници, кои ќе ви помогнат утре да патувате повторно заедно, а тоа нас не’ прави среќни!
Како агенција настојуваме да сме до вас, а најдобро се покажавме последнава година, кога имаше супер дневни дружења на плажа, журки во Мохито (многу пена), латино во Олеа, групен танц додека крстаревме со бродот, ноќни капења, пива на плажа, сликање со игуатата Јорго, дегустирања нови пива, ликери, торти, скара и милиони изедени гира! Нашите водичи настојуваа да ве карамелизираат во само 7 дена и да ве вратат “потпечени” од сонцето. Сите настојувавме да бидеме задоволни преку ден на плажа, баш и затоа се делеа совети за кои плажи треба да ги посетите. Бидејќи како што ви велевме, жално е на Крф да се остане заглавен на една плажа, како што знаете нашата цел е авантура, а не одмор!
Коментарите се долги, подолги од летната сезона. Баш затоа го заслуживме вашето внимание, кое е изразено со вашето повторно доаѓање во нашата канцеларија. Среќни!
Рекламите на „фејсбук“ и „инстаграм“ веќе и не се значаен дел од бизнисот, ако немате со што да се покажете на дело! Затоа ние докажавме дека растеме. Нашето бебе порасна во младо момче, кое е желно за забава и полно со енергија за наредни патувања.
Прекрасните коментари на фејсбук ни го рушат мирнит сон, постојано се превртуваме во кревет сонувајќи со отворени очи за тоа што не’ очекува утре!
Утре не чека ново БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА!
Поздрав од тимот на ЕСЕКЈП ТРАВЕЛ!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!