Дали сте го посетиле селцето Касиопи на островот Крф?

Kасиопи е селце кое се наоѓа на северо-источната страна од островот Крф и од мало рибарско место пораснало во достра атрактивна дестинација која вреди да се посети. Бујната вегетација што ја има околу Касиопи ќе ве натера да се чуствувате исполнето и смирено


Селцето и околината нудат нешто за секого, станува збор за атрактивно место со традиционални тесни улички и занемарено од урнатините на антички замок. Во Касиопи се наоѓа една од петте тврдини на островот Крф. Наспроти Касиопи можете го видите градот Саранда и мал дел од Ксамил.


Најпознатата плажа во Касиопи e Bataria Beach каде можете да го забележите тиркизот на водата подолу на фотографиите. Позади Касиопи се наоѓа врвот Пантократор и ридови покриени со маслинови градини, винова лоза и насади со цитруси. Лесно е да се стигне до секоја плажа од ова селце, а сите се чисти и безбедни. Сините знамиња на ЕУ ќе ги најдете тука и на блиските плажи. Повеќето заливи таму се со камчиња, но ги има многу и можат да бидат шармантно мали и затскриени.



Нашите патници го посетуваат Касиопи кога се оди на крстарење по северо-источната страна од островот и секој патник кој што го посетил Касиопи останал без зборови од убавината кој ја нуди местото.Доколку сте биле знаете што да правите во спротивно препорачуваме да седнете во еден од локалите на пристаништето и да уживате во рајот кој е пред вас!

Најнови патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН