Зошто да ја посетите Босна барем еднаш во животот?

Сараево
Сараево е главниот град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“. Сараево има голема туристичката понуда и угостителскиот сектор има голем раст, благодарение на зголемувањето на бројот на туристите од година во година. Сараево, исто така има корист од тоа да биде и летна и зимска дестинација со континуитет во текот на годината. 


Коњиц
Коњиц е град сместен на околу 60 километри југозападно од Сараево. Сместен е на 268м надморска висина, и во густо шумско подрачје. Коњиц е еден од најстарите градови во Босна и Херцеговина, кој датира околу 4000 години наназад.

Мостар
Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот Мост по текот на Неретва. Стариот мост, изграден од страна на Османлиите од 16 век, е еден од најпретпознатливите обележја на Босна и Херцеговина.

Андричград
“Град на Андрич” е лоциран во Вишеград, изграден под раководство на режисерот Емир Кустурица. Градот е посветен на југословенскиот писател Иво Андрич.

Најнови патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН