Најдобри пролетни дестинации во Европа

Сакате да шетате низ Еврпа а веќе сте ги посетиле метрополите како Париз,Рим, и Мадрид? Тогаш постојат уште многу други градови кои се прекрасни во пролет со нивната раскошност.Не мора одморите да ги планирате само за во лето или за во зима. Зошто да не си дозволите патување и во пролет? Било да барате уметност, култура или авантура, или пак уживање во храна и пијалоци,тогаш погледнете ги следниве дестинации.

Будимпешта, Унгарија

Кога само еднаш ќе ја видите ќе сфатите зошто е еден од најубавите градови на Европа. Дворци, згради, мостови,….Архитектурата на градот е неверојатна, а пролетта е совршено време да ја разгледате Будимпешта. Најдобро од се? Се уште е ефтина, според тоа можете да си дозволите да ги пробате сите нивни специјалитети и да купите сувенири за членовите на семејството.

Порто

Порто е втор по големина град во Португалија, а Лисабон е еден од најпосетените градови. Град со богата историја, одлична гастрономска понуда и убава култура кој ќе ве натера да се заљубите во него на прв поглед.

Сицилија, Италија

Италија на лето звучи романтично, но реално кажано, тогаш е преполна со туристи. Хотелите се полни, а редот за сладолед се мери во десетици метри. Токму затоа, ви предлагаме да го посетите овој величествен остров, пред почетокот на сезоната. Преплет на култури, архитектура и кујна, нема да ве остави рамнодушни. Се чувствува силно влијание на Грчката, Арапската и Шпанската култура, а Сицилија нуди и возбудливи активности како посета на вулканите или ронење.

Амстердам

Напролет тука се слави Денот на кралот, најважниот ден од годината што се однесува до Амстердам. Уживајте во одличната гастрономска понуда и неверојатниот избор на забавни содржини. Во Амстердам се наоѓаат најубавите и живописни улици на светот.

Најнови патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН