Најчесто користени зборови во турскиот јазик честитки, денови од седмицата и месеци од годината (4 Дел)

Како што кажавме во претходните три блога ние за Вас издвоивме неколку познати фрази и зборови од турскиот јазик кои овој пат ќе може да ви помогнат доколку сакате на некого да му честитате нешто, а исто така сакаме заедно да ги научиме деновите од седмицата и месеците во годината. Дел од нив многу често можете да ги слушнете во секојдневниот говор на турците. Некои од овие зборови може да се сретнат и во нашето секојдневие  како резултат на големиот број  турцизми кои останале во македонскиот јазик од времето на Османлиската Империја.

Денови од седмицата

Haftanın günleri – Денови од седмицата
Bügün günlerden ne?  –  Кој ден е денес?
Dün günlerden neydi?  –  Кој ден беше вчера?
Yarın günlerden ne?  –  Кој ден е утре?
Pazartesi  –  Понеделник
Salı  –  Вторник
Çarşamba  –  Среда
Perşembe  –  Четврток
Cuma  –  Петок
Cumartesi  –  Сабота
Pazar  –  Недела
Hafta sonu  –  Викенд

Сезони и месеци во годината

Şimdi mevsimlerden hangisi? – Сега кое годишно доба е?
Kış  –  Зима
İlkbahar  –  Пролет
Yaz  –  Лето
Sonbahar  –  Есен
Yılın ayları  – Месеци во годината.
Ocak  –  Јануари
Şubat  –  Февруари
Mart  –  Март
Nisan  –  Април
Mayıs  –  Мај
Haziran  –  Јуни
Temmuz  –  Јули
Ağustos  –  Август
Eylül  –  Септември
Ekim  –  Октомври
Kasım  –  Ноември
Arılık  –  Декември
Ay  –  Месец
Yıl  –  Година

Честитки

Tebrikler!  –  Честитки!
Mutlu Bayramlar!  –  Среќни празници!
En iyi dileklerimle!  –  Се најдобро!
…… Bayramınız kutlu olsun!  –  Нека Ви е среќен празникот…..!
Yeni yılınız kutlu olsun!  –  Нека Ви е среќна Новата година!
Noeliniz kutlu olsun!  –  Честит Божиќ!
Paskalyanız kutlu olsun!  –  Честит Велигден!
Ramazan Bayramınız kutlu olsun!  –  Честит Рамазан Бајрам!
Kurban Bayramınız kutlu olsun!  –  Честит Курбан Бајрам!
Doğum gününüz kutlu olsun!  –  Нека Ви е среќен роденденот!
Nişanınız kutlu olsun!  –  Нека Ви е среќна свршувачката!
Sağ olsun! Analı babalı büyüsün!  –  Нека е живо и здраво. Со мајка и татко да расте!
Bol şans! –  Многу среќа!
Başarılar!  –  Со успех!
İyi yolculuklar!  –  Среќен пат!
İyi tatiller!  –  Пријатен одмор!
İyi eğlenceler!  –  Убаво помини си!

Најнови патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН