Зошто 8-ми Март во Истанбул и зошто баш со Ескејп Травел?

Можеби во време на огромен број резервации, а да не речеме преку четири веќе исполнети автобуси за осмомартовското патување во Истанбул, некои жени се уште го поставуваат прашањето: Како и каде да го поминат осмомартовскиот празник?

Одговорот е доста едноставен, дококолку се навратиме низ годините наназад. Ако пред некое време, 8-ми Март се чествуваше во кафеани и кафулиња, сега жените овој празник го честувуваат со учење и доживување на нешто ново, што нам ни претставува задоволство.

Патувањето во Истанбул за 8-ми Март не е само шопинг, туку е лекција. Лекција која раскажува за минатото, сегашноста и иднината на жените кои живеат и творат во Истанбул. Не залудно Агата Кристи го избира градот на два континенти. Не залудно голем број поети, поетеси, актери и актерки се инспирирани од “величествениот“ Константинопол.

Но, што е тоа што ја прави нашата агенција, поразлична од останатите? Која е причината поради која нашата агенција со само тригодишно постоење го сруши рекордот со најголем број патници на приватен брод на Босфорот за Нова Година и тоа со 250 лица? Која е причината поради која нашата агенција ги реализираше сите тури, без притоа да откаже аранжман за Истанбул?

Ние би рекле, нашите вработени!
Млади, амбициозни и лиценцирани водичи! Тоа е Ескејп. Но, она што е најважно од се е фактот дека Вие не сте наши патници. Вие сте наши пријатели. Така сме функционирале и така ќе функционираме. Имаме доволно време да посветиме на секого. На сите важи заблуди и сите ваши прашања, ние ќе дадеме одговор искрено и отворено. Можеби, бидејќи сме свесни дека Вие макотрпно сте работеле во текот на цела година за да си овозможите едно вакво патување.

Да, почитувани патници. Ние од срце ви благодариме на досегашната доверба. На постигнатиот рекорд, на огромната бројка која нема никогаш да се сруши се додека постоиме. Бидејќи ние не работиме против, ние работиме за Вас.

Истанбул е убав, а особено за 8-ми Март. Ова тура е многу поразлична од останатите. Можеби поради позитивната атмосфера којашто се создава меѓу патничките. Можеби поради новите пријателства што ги стекнуваме или пак поради забавите кои ги организираме.

Затоа годинава, ние се решивме да се надминеме во органзаицијата. Наместо една, ние имаме две локации и тоа: Аксарај, тоа е населба во стариот дел на градот и во непосредна близина на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. Втората локација е за патничките коишто сакаат две во едно: Одмор и учење. Населбата Кумбургаз со хотел на сама плажа на Мраморното море и ресторан за огромен број патнички каде е предвидено да се организира една поразлична вечера. Кумбургаз е на некои 70 километри од градот, но тоа не значи дека нема да го доживеете Истанбул како што вреди. Секако дека од Кумбургаз се организира крстарење по Босфорот, посета на азиската страна на градот, како и доживување на ноќен Истанбул. Поседниот ден е резервиран за шопинг за сите патнички.

Затоа не размислувајте, поканете го вашето друштво и препуштете ни се нам. Бидеќи младите веќе добро знаат што патниците навистина сакаат.

Повеќе инфо можете да добиете на броевите:

Канцеларија во Скопје: 071227847
Канцеларија во Штип: 074227837

Понудите можете да ги погледнете овде:

2 ноќи во Аксарај за 79 евра: https://bit.ly/2RCdAdI
2 ноќи во Кумбургаз за 65 евра: https://bit.ly/2RBo1OB


Најнови патувања

цена од

249

EUR

сега од

249

EUR

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR