Зошто ја одбравме Босна како нова дестинација?

Како што расте Ескејп, расте и нашата патувачка торбичка во која се спакувани многу аранжмани. Еден нов спакуван и тазе аранжман кој досега беше трипати понуден и трипати добро прифатен од нашите патници е патувањето низ убавините на Босна и Херцеговина. Можеби на уво ви звучи како нешто за кое не би се осмелиле да истражувате, но сепак ние сме овде да ве убедиме дека тоа не е така.

Убавата и прекрасна Босна и Херцеговина е најразвиена на нејзината југоисточна и југозападна страна и баш поради овој факт, ние решивме аранжманите да ги сконцентрираме цврсто до најважните работи кои треба да се видат во ова земја нарекувана „Швајцарија на Балканот“. На територијата на ова земја, твореле многу, ја освојувале разни империи, ја граделе разни архитекти. Босна е сведок на многу мили и немили настани. Од атентати, до олимписки игри. Меѓутоа таа е најголем сведок на културите и различностите. Османлиите и Австроунгарците се главните фактори кои придонеле Босна и Херцеговина да е таква каква што е денес.

Многумина се уште ја поврзуваат со граѓанската војна од 1990-тите години, чии лузни се уште се видливи. Денешните туристи коишто ќе се решат да ја посетат ова балканска убавина преку нашата агенција, ќе го доживеат спротивното и со сигурност ќе им остане во паметење топлината и човечноста на луѓето што живеат таму. Нејзините прекрасни планини, многубројните урнатини на средновековните замоци, реки кои се протегаат долж земјата, огромни хидроцентрали, бучни водопади и испреплетени религии се само дел од она што ве очекува како патници.

Како главни дестинации коишто ги имаме во фокус се историските центри како Сараево и Мостар, кои говорат за една прекрасна камена архитектура во време на османлиската ера, по чиви мостови денес се наоѓаат многубројни кафулиња, традиционални ресторани за скара и вредни уметнички изложби.

Во Сараево може да се дегустира кафе, чај или благо. Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. По неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна. Луѓето кои патуваат во Сараево немаат преголеми очекувања за градот, па можеби тоа е главната причина што овој град секогаш изненадува. Старата турска чаршија која датира од 15-от век, Башчаршија е срцето на Сараево. Таму ќе ги видите главните знаменитости на градот, пазарот и џамијата Гази Хусрев Бег. Не заборавајте да си купите сувенири од пазарот.

На листата на важми обележја кои треба да се посетат е и бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија . По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе го посетиме музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “.Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

Исто така се посетува и тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат. Тунелот е долг 800метри, а висок 1,5 метри и денес е едно од најпосетуваните места во Сараево. Во Бишеград се посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за ручек, крстарење на Дрина или посета на Каменград.

Затоа доколку ова четиво ви звучеше примамливо, чуствувајте се слободни да ги погледнете нашите две понуди за Босна или пак да се јавите на телефонските броеви:
Канцеларија во Скопје: 071227847
Канцеларија во Штип: 074227837

Понуда за патување за денот на вљубените: https://bit.ly/2G7qew6 (75 евра)
Понуда за 8-ми Март: https://bit.ly/30LyueO (79 евра)

Најнови патувања

цена од

49

EUR

сега од

39

EUR

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR