5 места на Крф кои мора да ги посетите со Ескејп ова лето!

Ако барате експерти за островот Крф, тогаш вие се наоѓате на вистинскиот веб-сајт. Островот Крф е една од нашите први дестинации од самото отварање на агенцијата. Нашите водичи знаат скоро се каде и како се наоѓа. Ваше е само да се јавите на телефонскиот број: 071227847 и да побарате повеќе информации за тоа кои се промотивните цени и како да го резервирате летото на островот со нас.

Додека размислувате, ние ќе би наведеме 5 причини (места) поради кои треба да го посетите островот.

МЕСТО БРОЈ 1: ПАЛЕОКАСТРИЦА

Палеокастрица е село во северозападен Крф. За Крф се претпоставува дека е митскиот остров на Фејачаните. Манастирот во Палеокастрица потекнува од 1225 година.

МЕСТО БРОЈ 2: СИДАРИ

Сидари (грчки: Σιδάρι) е населба во северниот дел на островот Крф. Во непосредна близина на селото се наоѓа „Каналот на љубовта“. Интересна приказна за млада девојка и момче кои со препливањето на каналот, во кој се наоѓа и пештера во самото море, нивната љубов ја крунисале со брак. Романтично нели?

МЕСТО БРОЈ 3: КАСИОПИ

Касиопи е село и одморалиште на богатиот северо-источен брег на Крф. Историско, мало традиционално рибарско село. Самото место е преполно со луксузни вили кои имаат прекрасен поглед кон албанскиот брег.

МЕСТО БРОЈ 4: ГРАДОТ КРФ

Градот Крф е главен град на грчкиот островот. Познато е по своите тесни улички“ и венецијанска архитектура. На запад, венецијанците изградиле нова тврдина која има голем број тунели под неа но од самата тврдина има прекрасен поглед кон пристаништето и зајдисонцето.

ПЕТТО МЕСТО: ИПСОС

Шлагот на тортата го краси „Ипсос“. Нашето место каде престојуваме во текот на цела сезона. Во Ипсос се добредојдени сите, од повозрасни во јуни и септевмри, до најмладите во јули и август. Од таверни, кафулуња, дискотеки, пицерии, супермаркети. Ипсос нуди се, а она што е најбитно, е фактот дека Ипсос е навистина евтино место и може да го дозволи секој џеб.

Најнови патувања

цена од

249

EUR

сега од

249

EUR

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR