Известување за oткажување на туристичките аранжмани за пролетните патувања и летните одмори

Согласно моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво поради брзото ширење на коронавирусот (COVID – 19), туристичката агенција Escape Travel Agency, за жал донесе одлука за ЦЕЛОСНО ОТКАЖУВАЊЕ на сите туристички аранжмани за претстојните пролетни и летни патувања за лето 2020 година, за сите дестинации надвор од Р.С.Македонија, заклучно до 30-ти септември 2020 година.

Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на ИЗДАВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции. За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.
  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција)
  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.
  • Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот).
  • Вредноста на ваучерот ќе биде во висина на уплатениот износ.
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил.
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).

НАПОМЕНА:

Доколку во било кој момент се отвори сезоната, Escape Travel Agency ќе ги продолжи аранжманите за лето 2020 и сите кои сакаат да ги задржат резервациите ќе можат да патуваат. Лицата кои сакаат да го откажат патувањето ќе добијат ВАУЧЕР со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година.

Сите клиенти на Escape Travel Agency  ќе бидат поединечно исконтактирани за подигнување на ваучерите, а ние продолжуваме будно да ја следиме ситуацијата и се надеваме дека во најскоро време ќе можеме заедно да летуваме и да се дружиме.

Најнови патувања

цена од

249

EUR

сега од

249

EUR

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR