Скијатос-град кој остава без зборови

Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Најважното обележје на градот е неговото природно пристаниште, кое ја одредува судбината на градот со векови. Денес тој е популарен рај на јахти и едрилици кој додава космополитски талент на островот. Прошетка низ асфалтираните улици во градот открива слатки бели куќи со црвени покриви со плочки и разнобојни градини.

Градот пак, е центарот на сите активности. Тука има посебна уличка на ресторанчиња за брза храна кои нудат, нормално грчкиот специјалитет – гирото, палачинки, благи и солени и вафлите полиени со сладолед. А тоа што е најдобро, работат до раните утрински часови за сите оние кои “заглавиле” во клубовите.

Клубовите и дискотеките пак, се простираат на брегот веднаш покрај морето. Од клубови со грчка музика, до клубови со познати DJ тука има забава за сечиј вкус.

Најпознати плажи кои треба да ги посетите

КУКУНАРИЕС

Една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот.Плажата е пространа и овде секој може да ужива на свој начин. Може во бројните барови да се напиете кафе или пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот. А секако имате и помирен дел каде што може да уживате во интимна атмосфера.

ЛАЛАРИА

исто во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.

БАНАНА

Веќе ви спомнав дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

Најнови патувања