Осумте најубави плажи во Турција

Турција е секогаш добар избор за патување дали во лете, есен, зима  или пролет кога и да одлучите да ја посетите никогаш нема да згрешите. Со западното крајбрежје кое се протега покрај Егејското и Средоземното море, Турција одамна е врвна дестинација за посетителите. Со нејзините познати летувалишта како Кумбургаз, Анталија, Аланија, Кемер, Белек, Сиде Фоча, Чешме, Бодрум и многу други таа ги освојува посетителите и љубителите на море и плажа. Во Турција постојат многу плажи дел од нив се во сопственост на хотели а другиот дел се слободни плажи. Поради добрите климатски услови во Турија е претежно топло и сончево од мај до октомври, така што пролетта и есента се одлични периоди за одмор и уживање без гужва.

  • Плажата Капуташ Плажата се наоѓа меѓу Каш и Калкан, опкружена со големи планини зад неа. Бојата на водата е целосна тиркизна, а плажата пак е песочна. За да пристигнете до плажата треба да го поминете патот кој е многу заоблен и со тоа се зголемува квалитетот на плажата. Се што е убаво бара труд за да биде освоено или видено. Иако патот до плажата е лош оваа плажа секоја година се повеќе е посeтувана и станува хит дестинација.
  • Плажата Олудениз Олудениз плажата се наоѓа на 14 километри јужно од Фетије и била избрана за најубава плажа во светот во 2006 година. Таа се смета за една од најубавите плажи во Турција со тоа што има многу мирно море без бранови. Бојата на морето е тиркизна и чиста додека плажата е камчеста. За љубителите на адреналин и параглајдинг Олудениз е совршено место бидејќи тоа е една од главните атракции во ова место.
  •  Плажите на Бозџаада Бозџаада е осторв кој има прекрасно и чисто море, недопрени заливи и прекрасни плажи. Една од најпопуларните плажи на островот е Ајазма, позната по својот златен песок и кристално чисто тиркизно море. Морето на Бозџаада е генерално студено бидејќи се наоѓа на северниот дел на егејското море.

  • Плажата Илџа Илџа е уште една прекрасна плажа на полуостровот Чешме во Турција долга 1,5 километар. Со кристално тиркизни води на Егејското Море и белиот прав на плажата вие можете вистински да се опуштите и да уживате во убавината наоколу. Водата во овој дел е многу топла и можете да уживате и во ноќно капење, тоа е така поради тоа што постојат термални извори кои меурат минерали кои се мешаат во водата. Плажата е плитка и песочна па тоа е само уште една плус причина зошто оваа плажа ја бираат луге со деца. Чешме е место кое го посетуваат богатите од Турција.
  • Плажата на Клеопатра

Плажата на Клеопатра името го добила по египетската кралица. Ова плажа е долга 2 километри има чисти води златни и ситни песоци ги фасцинираaт луѓето. Вашето време може да го поминете пријатно со тоа што ќе се занимавате со морски спортов. Плажата е посетувана од страна на многу локални и странски туристи. Откако ќе се изморите од пливањето, најдобриот начин за одмор е да го гледате прекрасеното зајдисонце од плажата Клеопатра.

  • Плажата Чирали

Три едноставни зборови можат да ја опишат оваа плажа: тивка, спокојна, убава! Плажата Чирали е совршена поради местоположбата што се наоѓа меѓу две спектакуларни планини кои ја прават најубавата слика за плажа. Морето е кристално чисто и се менува во многу нијанси на тиркизна боја. Обично, нема големи бранови што ја прават оваа плажа одлична за пливање или нуркање.

П.С. Доколку имате доволно среќа на оваа незаборавна плажа долга 3 км, ќе ги видите и ретките видови желки Логерхед кои се гнездат на песокот на плажата.

  • Плажата Ортакент

Сместена покрај познатата крајбрежје на Бодрум, плажата Ортакент е најдоброто тајно место за бегство од големиот број луѓе во градот. Плажата е опкружена и со градини и тивко рурално село, што вреди да се истражи. Многу е погодна  за спортови на вода, кајак, бординг, едрење или сурфање. Па нема да ви биде досадно! Покрај плажата, ќе најдете кафулиња и ресторани каде што можете да се освежите и да започнете да уживате во некаква вкусна храна за да добиете енергија!Песочна плажа Ортакент е одлична дестинација за семеен одмор поради многубројните можности за забавни активности на вода.

Една од најубавите плажи во Кумбургаз е во сопственост на хотелот Марин Принцес. Оваа плажа со ситно златен песок и чисто море ќе ве освои. Убавиот поглед на зајдисонцето е уште една причина плус зошто турстите ја бираат оваа плажа. Хотелот во чија што сопственост е плажата ви нуди и други привилегии како 2 надворешни базени со солена вода за оние кои не сакаат да пливаат во морето, и огромен спа центар.

Најнови патувања