Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt

Escape Travel Agency

Ве оставаме самите да одлучите!

7 европски градови кои се поубави од главните градови во истата држава!

Вниманието во Европа често се фокусира на Париз, Рим и другите главни градови. Додека овие дестинации се преполнуваат со туристи, Ескејп се одлучи да ви даде совет за тоа кои 7 градчиња може да ви приредат прекрасно патување и навистина може да уживате во нив.
Не само што овие градови обично се помалку пренатрупани и поевтини за посета, тие ќе ви дадат и поавтентична смисла за земјата. Седум такви градови се:

1. Фиренца, Италија

Фото: Денис ван де вода / Shutterstock

Фиренца, позната како лулка на ренесансата, богата со уметност, историја и архитектура. Исто така е битна колку што е битен големиот Рим. Реката Арно тече низ колекцијата на живописни градски бои, златна боја со црвени покриви на објектите во Фиренца, а пошумените падини се само рамката на градот од двете страни. Нашата агенција, ја одбра Фиренца, како главна дестинација на нашите патувања во Италија.
Прекрасиот објект на Фиренца, позната како катедрала на градот, е неверојатна фокусна точка со масивна купола и впечатливи ѕидови. Галеријата Уфизи е дом на најважната колекција на ренесансни уметности во светот, а Дејвид Микеланџело во галеријата на академијата е неодменлив. Да кажеме дека тосканската кујна во Фиренца е врвот на патувањето во овој град.

2. Лион, Франција
Фото: MagSpace / Shutterstock

Надвор од срцето на Париз, постои едно пракрасно градче наречено Лион. Со повеќе од 4.000 ресторани не знаете како да ја започнете диетата за слабеење. Градот се наоѓа покрај реките Saone и Рона, а недалеку се исто така и убавите лозја и градот Beaujolais. Знаеме дека Франција има деликатно вино со кое треба да биде присутно на секоја трпеза, затоа Лион е вистинскиот избор за уживање.

3. Порто, Португалија
Фото: ESB Professional / Shutterstock

Лисабон е поим за Потругалија, но Порто е градот со историските згради коишто се неверојатни, а многу од нив претставуваат уметнички дела. Неверојатната архитектура во градот се протега од една до друга страна на градот. Во Порто се наоѓа и  книжарницата Livararia Lello. Таа е инспирација за Ј.К. Роулинг, а кога ќе влезете веднаш ќе ја видите волшебната просторија од Хогвортс.

4. Солун, Грција
Фото: Ламброс Казан / Shutterstock

Оваа крајбрежна метропола на Егејското Море е втор по големина град во Грција (Централна Македонија). Солун е пријателски град, кој е доста функционален поради близината со границата на нашата земја и Бугарија, а исто така не се чуствува таа космополитска врева која ја има во Атина. Солун има голема кулинарска традиција, а нејзината мултиетничка позадина се рефлектира во кујната. Насекаде по брегот може да најдете кафулиња и ресторани.

5. Корк, Ирска
Фото: Riekelt Hakvoort / Shutterstock

Корк може да се каже дека е повеќе прогресивен град од Даблин, што не е изненадувачки со оглед на тоа што е познат како Бунтовничкиот град. Областа во центарот на градот е мешавина од традиционални стари пабови, згради со модерна врвна архитектура. Галерија на Луис Глуксман и „Корк перската куќа“ се одлични примери за прогресивниот дух на градот.

6. Берген, Норвешка
Фото: Олена Тур / Shutterstock

Опкружен со планини, прекрасниот Берген има скапоцен карактер. Шарени трговски куќи кои го опкружуваат пристаништето. Уметноста на улиците е изразена со цвеќиња кои красат многу дворови. 

7. Минхен, Германија
Фото: Asvolas / Shutterstock

Минхен е типично германски град.Традицијата е важен дел во Минхен. Градот е најживописен за време на Октоберфест, но тоа не значи дека пиво нема во Минхен во текот на цела година. Овде пабовите со пиво се главните места за секојдневна седенка. Стариот град е лесно се истражува пеш. Минхен исто така е одлично место за разгледување на светските галерии и музеи, како и ресторани со преубави прозорции кои ве оставаат да уживате во секој миг поминат во Берлин.

Извор: Матадор