Белград за Нова Година

цена од

99

EUR

сега од

49

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
31.12.2020
02.01.2021
Автобус
Хотел, Хостел

Белград

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

План и програма

1.Ден 31.12.2020. / Скопје – Белград:

Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел/хостел. Во попладневните часови организирана дневна журка (факултативно), во некои од белградските кафулиња,  увертира за најлудата ноќ (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација). Враќање во хотел. Во вечерните часови дочек на Новата Година во некои од најпознатите белградски клубови/клуб кафани. Ноќевање.

2.Ден 01.01.2021. / Србија – Белград:

Појадок. По појадокот следува разглед на Белград со придружба на локален водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Слободно време. Во попладневните часови е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на Белград од друг агол. По крстарењето, се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Враќање во хотел. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на традиционалните Белградски кафани. Ноќевање.

3.Ден 02.01.2021. / Белград – Србија – Скопје:

Појадок. Напуштање на хотелот и факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Сместување

Hostel Karadjordje

Hostel Karadjordje се наоѓа во Звездара, во близина на Булеварот Крал Александар. Одалечен е 4 км од центарот на Белград. Секоја соба има сопствено купатило.

Hostel Petar Drapsin

Hostel Petar Drapsin се наоѓа во самиот центар на Белград во близина Кнез Михајлова. Секоја соба во Хостелот има сопствено купатило.

Hotel Nobel 4*

Хотелот се наоѓа на одлична локација, во централното градско подрачје, на само 2 km од Кнез Михаилова, во близина на меѓуградската автобуска станица. Поседува двокреветни и трокреветни соби. Собите се удобни и во модерен дизајн. Секоја соба има сопствен тоалет,wi-fi, TV.телефон,фен,мини бар. Во склоп на хотелот има сала за појадок/вечера и бар. Хотелот претставува објект од архитектонска вредност, заштитен од страна на Заводот за заштита на споменици на градот Белград.

Важно

-За патниците кои не користат превоз од агенцијата цените од табелата се намалуваа за 10 евра.
Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
-За тргнување од Струмица, Гевгелија и Битола цените од табелата се зголемуваат за 7 евра. Организиран превоз од Струмица, Гевгелија и Битола ќе биде организиран во случај на доволен број на патници – минимум 30.
-За тргнување од Штип, Прилеп и Неготино (бензинска пумпа Макпетрол) цените од табелата се зголемуваат за 5 евра. Организиран превоз од Штип, Прилеп и Неготино (бензинска пумпа Макпетрол) ќе биде организиран во случај на доволен број на патници – минимум 30.
-Ве замолуваме пред да го потпишете договорот да се запознаете со програмата на патувањето, Општите услови на патувањето на Туристичка Агенција Ескејп Травел .
Во сместувачките капаците се влегува во 14:00 часот (постои можност за порано влегување). Сместувањето од оваа понуда е проверен и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација од земјата во која се наоѓа сместувањето.

  • Аконтација од 1000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.

Цени

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.12.2020

Hostel Karadjordje 1/5 соба

Цена

59 EUR

Промо Цена

49 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Karadjordje 1/4 соба

Цена

65 EUR

Промо Цена

55 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Karadjordje 1/3 соба

Цена

69 EUR

Промо Цена

59 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Karadjordje 1/2 соба

Цена

75 EUR

Промо Цена

65 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Petar Drapsin 1/5 соба

Цена

59 EUR

Промо Цена

49 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Petar Drapsin 1/4 соба

Цена

65 EUR

Промо Цена

55 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Petar Drapsin 1/3 соба

Цена

69 EUR

Промо Цена

59 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hostel Petar Drapsin 1/2 соба

Цена

75 EUR

Промо Цена

65 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hotel Nobel 4* 1/3 со појадок

Цена

99 EUR

Промо Цена

89 EUR

Поаѓање

31.12.2020

Враќање

02.01.2021

Hotel Nobel 4* 1/2 со појадок

Цена

109 EUR

Промо Цена

99 EUR

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хостел (без доручек) или две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 180 денари
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

Факултативни излети

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања