Белград за 8ми Декември!

цена од

99

EUR

сега од

49

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.12.2020
07.12.2020
Автобус
Хотел

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

План и програма

1.Ден / Скопје – Србија – Белград:

Состанок на групата во 02:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 02:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. По пристигнувањето следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). По разгледот се сместуваме во Хотел. Во попладневните часови е предвидено факултативно Крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на Белград од друг агол. Во вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.

2.Ден / Белград – Нови Сад:

Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина… Во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови можност за факултативна вечера во некоја од Белградските кафани. Ноќевање.

3.Ден / Белград – Србија – Македонија – Скопје:

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Планирана посета на трговскиот центар USCE. Во 15:00 часот тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел до 3*

Хотел со 4*

Важно

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ПОЈАДОК, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За реализација на ова патување е потребно минумум 35 патници.
  • Во сместувачките капаците се влегува во 14:00 часот (постои можност за порано влегување). Сместувањето од оваа понуда е проверен и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација од земјата во која се наоѓа сместувањето.

Цени

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

07.12.2020

1/2 соба-Хотел со 3*

Цена

89 EUR

Промо Цена

49 EUR

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

07.12.2020

1/3 соба-Хотел со 3*

Цена

79 EUR

Промо Цена

49 EUR

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

07.12.2020

1/2 соба-Хотел со 4*

Цена

99 EUR

Промо Цена

79 EUR

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

07.12.2020

1/3 соба-Хотел со 4*

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Две ноќевања со појадок во хотел 3* или 4* во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Разглед на Белград
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

Факултативни излети

Нови Сад

Нови Сад

Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…

Крстарење по Сава и Дунав

Крстарење по Сава и Дунав

Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград од реките Сава и Дунав:  Вливот на Сава во Дунав, Големоиот воен остров, Калемегданскиот парк и београдската тврдина, Кулата Небојша. Дорчол, Соборнат црква, Београдските мостови на Сава.

Hangover in Belgrade

Hangover in Belgrade

Белград е познат и како град на млади и добар провод. За Вас спремивме 2 незаборавни забави во различни кафани во Белград. Дојдете со нас и очекувај го неочекуваното затоа што ова ќе Ви бидата ноќи за памтење и кои еден ден ќе ги раскажувата на своите деца 🙂

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања