Босна и Херцеговина за 8-ми Март! Рана уплата на рати!

цена од

89

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
06.03.2020
09.03.2020
Автобус
Хотел

Поради огромната заинтересираност за патување во Босна и Херцеговина која ја реализиравме на 11-ти Октомври и 8-ми Декември, среќни сме што ви ја претставуваме нашата нова програма во Сараево за денот на жената! 8-ми Март. Ако барате поразлично патување, нашата агенција за вас создаде нешто поразлично во Сараево, досега непонудено на нашиот пазар. Затоа не размислувајте и искористете го продолжениот викенд за вакво поразлично патување. Сараево е бисерот на балканот кој заслужува да биде виден, а покрај главниот град на ова прекрасна планинска земја, во програмата ќе наидете и на Мостар, Јабланица, Посета на бункерот наТито, Тунелот на надежта, Босанските пирамиди и Вишеград! Во продолжение повеќе информации:

План и програма

ПРВ ДЕН- Скопје – Сараево (06.03.2020)

Авантурата започнува на паркингот пред Вип Хотел во 20:00 часот. По сместувањето во автобус, групата се упатува кон Босна и Херцеговина. Патувањето е во текот на ноќта, со попатни застанувања. Истото се реализира преку Република Србија.

ВТОР ДЕН- Сараево – ( 07.03.2020 )

По возењето низ прекрасните балкански рејлефи, пристигнување во Вишеград. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за ручек, крстарење на Дрина (факултатива) или посета на Каменград. Градот кој е жив сведок за многу империи коишто војувале на Балканот.По посетата се продолжува кон Сарево. Пристигнување во хотелот.  Патниците добиваат време за одмор предводено со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето е во хотел со 3*. Влегување во собите е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да ја променат гардеробата во просториите на хотелот, кадешто воедно се оставаат куферите.По кратка пауза се упатуваме на разглед во Сараево со локален водич. По разгледот групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки. Во Сараево би се задржале околу 4-5часа. Во вечерните часови се враќа групата во хотел. Ноќевање

TРЕТ ДЕН- Посета на тунелот на надежта, посета на бункерот на Тито – Јабланица – Мостар – Сараево (08.03.2020)

По појадокот во хотел, групата оди во тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат. Тунелот е долг 784метри, а висок 1,6 метри и 1м широк од кој денес е едно од најпосетуваните места во Сараево.Овој тунел е граден 4 месеци и 4 дена од војниците за време на војната во Босна. По посетата на тунелот на надежта упатува групата кон  посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија . По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе го посетиме музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “.Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

 

Враќање во хотел. Пауза од 1 час и заминување на факултативна ноќна прошетка во Сараево со посета на најстарата пивница и прослава на 8ми-Март, денот на жената. Во Сараево ќе се задржри групата до 12:00ч а пoтоа враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН- Сараево- Босанските пирамиди – Скопје (09.03.2020)

По појадокот во хотел, го посетува Босанските пирамиди, .Патниците кои немаат уплатено за посета на босанските пирамиди остануват во хотел , на враќање се зимаат патниците од хотел и се продолжува кон Македонија. Ноќно возење и пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 10.03.2020.

Сместување

Хотел со 3* на база на појадок

Сместувањето е иделано за ноќевање и одмор на групата од целодневните истражувања на градовите.

Важно

Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.

Цени

Поаѓање

06.03.2020

Враќање

09.03.2020

Промо цената важи до 29.02

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

Превоз на релација Скопје – Сараево – Вишеград – Скопје
– 2 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок
– Организиран трансфер од Битола, Прилеп и Кавадарци
– Разглед на Сараево со локален водич
– Пратител од агенција
– Посета на Вишеград со посета на Андричград ( Градот на Иво Андриќ )

Што не е вклучено во цената

– Босанскиот пакет – 45 евра по лице ( Се плаќа во автобус а се резервира во агенција )
Резервацијата се прави во агенција од причина што е потребна бројка за пред. Резервацација за посета во локалитетите.
Во Босанскиот пакет влегува (Посета на бункерот на Тито во местото Коњич со локален водич, посета на Јабланица со вклучена влезница во музејот, посета на Мостар и разглед на градот со локален водил и посета на тунелот на надежта со локален водич)
– Задолжителна доплата од 2е по лице за туристичка такса ( Се плаќа во автобус )
– Крстарење по Дрина во Вишеград – 5е
– Ноќна посета на Сараево со посета на најстарата пивница- 5е ( Се плаќа во автобус )
– Посета на ресторан- / (Доколку има интерес )
–  Посета на Босанските пирамиди (Равно, Музеј и белведере) – 25е ( Се плаќа во автобус а се резервира во агенција )

Факултативни излети

Бункерот на Тито

Првото место за посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија

Јабланица

Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе го посетиме музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “.Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Тунелот на надежта

Групата оди во тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат. Тунелот е долг 784метри, висок 1.6 метри и 1м широк од кој денес е едно од најпосетуваните места во Сараево. Овој тунел го имат посетено многу славни личности како Морган, Фримен, Џон Траволта, Орландо Блум и многу други.

Мостар

Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR