Велигден на Остров Крф- Приказна која се раскажува

цена од

119

EUR

сега од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
16.04.2020
20.04.2020
Автобус
Апартман

Сакате да сте сведоци на една поразлична велигденска прослава? Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридок чии мошти се изнесуваат од гробницта и носат по улиците на градот нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Не пропуштајте.

План и програма

ПРВ ДЕН:  16.04 (Четврток)

Собир на групата пред Дрводекор во 23:30 часот. Поаѓање кон остров Крф во 00:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН: 17.04 (Петок)

Траект Игуменица – Крф во утринските часови. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде по желба се посетува таверна. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 18.04 (Сабота)

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

 

15:00 часот – Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.

 

На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.

 

Враќање во Ипсос. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН: 19.04 (Недела)

ПАЛЕОКАСТРИЦА – ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица- место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват. Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.
Посетата е факултативна и изнесува 15 евра по лице

Moжност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 20.04 (Понеделник)

Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч, по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата, изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт, по што останала напуштена до 1907год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија. Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик па затоа и во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил, а и самата палата го добива неговото име.

Целата група се упатува кон Ахилеон, додека цената на влезницата во музејот изнесува 15 евра по лице

15:00 – го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Апартмани во Ипсос

Сместувањето е во Ипсос. Мирна област која располага со доста таверни и продавници. Нашата агенција Ипсос го расоолага и за време на летотот.

Важно

Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.

Цени

Поаѓање

16.04.2020

Враќање

20.04.2020

Промо цената важи до 29.02

Цена

119 EUR

Промо Цена

99 EUR

Што е вклучено во цената

  1. 3 ноќевања во Ипсос/Пирги (20 км од градот Крф)
  2. Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  3. Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  4. Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
  5. Туристички пратител во текот на целиот престој

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден), ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се уплатува во агенцијата

ФАКУЛТАТИВИ:

  • Посета на Палеокастрица, манастирот Света Богородица и фабриката Мавроматис (15 евра)
  • Посета на палатата Ахилеон (15 евра)
  • Велигденска прослава со ручек – 25-30е
  • Туристичка такса- 0.5 од соба ( Задолжително се плаќа во вилата )

Факултативни излети

Посета на Палеокастрица, манастирот Света Богородица и фабриката Мавроматис

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и фабриката за производство на ликери и локални слатки од традиционалното овошје кумкуат, Мавроматис, плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров.

Посета на палатата Ахилеон

Изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт, по што останала напуштена до 1907год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија. Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел превземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик па затоа и во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил, а и самата палата го добива неговото име.

Велигденска прослава со ручек

Шоуто на патувањето се случува за време на велигденската прослава која ја организираме во некоја од локалните таверни. Морска храна, узо и грчки ора, подобро не може да биде.

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR

цена од

85

EUR

сега од

69

EUR