Велигден низ Будва, Котор, Мостар и Сараево

цена од

129

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
16.04.2020
20.04.2020
Автобус
Хотел

Од особено задоволство ни претставува да ви ја најавиме турата која е дополнување на веќе постоечката тура тура за Сараево. Она што е ново додадено во програмата е едно ноќевање во Будва и факултативна посета на Котор. Ако барате поразлично патување, нашата агенција за вас создаде нешто поразлично во Сараево со 2 ноќевања и Будва 1 ноќевање. Затоа не размислувајте и искористете го продолжениот викенд за вакво поразлично патување. Сараево е бисерот на балканот кој заслужува да биде виден, а покрај главниот град на ова прекрасна планинска земја, во програмата ќе наидете и на Мостар, Јабланица, Посета на бункерот наТито, Тунелот на надежта. Во продолжение повеќе информации:

План и програма

ПРВ ДЕН: 16.04 (Четврток)

Собир на групата на паркингот кај хотел Вип во 21:30 часот. Поаѓање кон Босна. Ноќно возење према Босна, се оди преку граничниот премин Табановце.

ВТОР ДЕН: 17.04 (Петок)

Пристигнување во хотелот.  Патниците добиваат време за одмор предводено со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето е во хотел со 3*. Влегување во собите е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да ја променат гардеробата во просториите на хотелот, кадешто воедно се оставаат куферите.По кратка пауза се упатуваме на разглед во Сараево со локален водич. По разгледот групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки. Во Сараево би се задржале околу 3-4 часа. Во вечерните часови се враќа групата во хотел. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН: 18.04 (Сабота)

По појадокот во хотел, групата оди во тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат. Тунелот е долг 784метри, а висок 1,6 метри и 1м широк од кој денес е едно од најпосетуваните места во Сараево.Овој тунел е граден 4 месеци и 4 дена од војниците за време на војната во Босна. По посетата на тунелот на надежта упатува групата кон  посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија . По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе се задржиме околу 30-40 минути слободно време да се направат фотографии, продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански ќебапи.

 

Враќање во хотел. Пауза од 1 час и заминување на факултативна ноќна прошетка во Сараево со посета на најпознатата пивница. Во Сараево ќе се задржри групата до 00:00ч,враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН: 19.04 (Недела)

По појадокот во хотел, групата се одјавува од хотел и се упатува кон Требиње. Пристигнување во Требиње во претпладневните часови. Посета на најјужниот град на Херцеговина, наречен Град на Сонцето поради најголемиот број на сончеви денови , сместен на Требњичка река, познат по  Арсланагов  мост и архитектурата по која многу потсетува на Дубровник и Котор.  Потоа заминување за Црна Гора  – Преку Херцег Нови.  Пристигнување во Будва. Ноќевање

ПЕТТИ ДЕН: 20.04 (Понеделник)

Појадок. По појадокот се упатува групата на разглед со локален водич во Котор ( факултатива )
Koтор е под заштита на УНЕСКО, специфична урбана приказна- со бројни легенди од легендата за Вилина Порта над самиот град, до куќата на трите сестри ( Три Сореле ), познат по тесните улици и специфична нерамна архитектонска изведба на камените куќи во самата которска тврдина, најпознатата улица “ Пустиме да проџем”, катедралата св. Трифун и Ѕидот на срамот. По разгледот со локалниот водич, групата ќе има 2 часа слободно време за прошетка. Патниците кои немат уплатено за посета на Котор остануват во хотел во Будва, слободно време се до моментот на зимање. Поаѓање према Македонија во 15:00ч.

Сместување

Хотел во Будва за едно ноќевање со појадок

Сместувањето е иделано за ноќевање и одмор на групата од целодневните истражувања на градовите.

Хотел во Сараево за две ноќевања со појадок

Сместувањето е иделано за ноќевање и одмор на групата од целодневните истражувања на градовите.

Важно

  • За сингл соба се доплаќа 30е од цената која што важи во моментот
  • За дете од 4 до 11,99 години се плаќа 50% од цената која важи во моментот
  • Плаќање на 3 рати. За резервација е доволно 30% уплата од сумата а остатокот го доплаќате на 10 дена пред поаѓање

За ова патување важат општите услови на Т.А Ескејп Травел

Цени

Поаѓање

16.04.2020

Враќање

20.04.2020

Промо цената важи до: 15.03

Цена

129 EUR

Промо Цена

109 EUR

Што е вклучено во цената

Автобуски превоз
2 ноќевања во Сараево на база појадок
1 ноќевање во Будва на база појадок
Разглед на Сараево со локален водич
Посета на Требиње
Пратител за време на патувањето
Oрганизиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (дреново), Неготино, Велес, Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

Босански пакет ( Посета на тунелот на надежта со локален водич, Посета на бункерот на Тито во Коњич со локален водич, Посета на Јабланица и посета на Мостар и разглед на стариот дел од градот со локален водич.
Целодневна екскурзија ( Се резервира во агенција задолжително а се плаќа во автобус. ) За сите патници кои сакат да го земат босанскиот пакет, мора да направат пред.резервација во агенција
Напомена: Екскурзиите кои се вклучени во босанскиот пакет не се зимат одделно.
Цена на пакетот 50
Посета на најстарата и најпозната пивница во Сараево5 (се плаќа во автобус)
Туристичка такса – 3 од лице за 3 ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)
Посета на Котор и разглед на градот со локален водич- 10 од лице ( се плаќа во автобус)
Патничко осигурување 5 €– за целиот престој од лице

Факултативни излети

Бункерот на Тито

Првото место за посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњич со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку  години кога беше  официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија

Јабланица

Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе го посетиме музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “.Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Тунелот на надежта

Групата оди во тунелот на надежта, тунел ископан за време на бомбардирањето и опсадата на Сараево од српските трупи. Целта на тунелот била да се донесат резерви на храна, лекови други потребни средства , како и луѓето да може да се движат. Тунелот е долг 784метри, висок 1.6 метри и 1м широк од кој денес е едно од најпосетуваните места во Сараево. Овој тунел го имат посетено многу славни личности како Морган, Фримен, Џон Траволта, Орландо Блум и многу други.

Мостар

Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

Посета на Котор

Koтор е под заштита на УНЕСКО, специфична урбана приказна- со бројни легенди од легендата за Вилина Порта над самиот град, до куќата на трите сестри ( Три Сореле ), познат по тесните улици и специфична нерамна архитектонска изведба на камените куќи во самата которска тврдина, најпознатата улица “ Пустиме да проџем”, катедралата св. Трифун и Ѕидот на срамот.

Ноќна посета на Сараево и посета на најстарата пивница

За ова факултатива нема што да ви објаснуваме. Се доживува секогаш на различен начин. Најважно од се, е да понесете со вас насмевка.

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR

цена од

85

EUR

сега од

69

EUR