Истанбул за 1-ви Мај

цена од

90

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.04.2020
03.05.2020
Автобус
Хотел

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот, која од 1937 година е прогласена за музеј со декрет на Кемал Ататурк и која сведочи за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.

Патувањето во Истанбул со нашата агенција преставува поинакво доживување, а низ годините нанзад нашата агенција се докажува како најдобар организатор на сите патувања. Со срушен рекорд и со најголем број на патници, ние знаеме како да ви го доловиме градот во вистинско светло. Младите и амбициозни водчи кои се секогаш со вас за што и да ви затреба само ја потврдуваат вашата титула. Сите ваши прашања кои не се одбјаснети во програмата, чуствувајте се слободни да ги поставите во некоја од нашите канцеларии:

Скопје: 071227847 или 071227837
Штип: 074227837

План и програма

ПРВ ДЕН- 30.04.2020

Средба на групата на паркинг на ВИП ХОТЕЛ во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.

ВТОР ДЕН- 01.05.2020

Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

  • 09:30h до 13:00hПосета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • СЛОБОДНО ВРЕМЕ ДО 15:30 ЧАСОТ! 
  • 16:00h: Посета на Сафир 4Д кула. Ова станбена зграда важеше за една од највисоките облјекти во Истанбул. Се наоѓа во Левент, област која турците ја нарекуваат истанбулскиот „Менхетен“. Патниците коишто ќе се решат да ја посетат Сафир кулата ќе имаат можност да го набљудуваат градот од една птичка перспектива и тоа на отворен балкон кој го опкружува најгорниот спрат на кулата и е ограден само со стакла. Досегашната пракса покажала дека Сафир е место од каде може да се направат едни од најубавите фотографии за социјалните мрежи. Во самата внатрешност на објектот на најгорниот спрат се наоѓа кино проекција, која не е обична туку 4Д проекција која виртуелно те вози низ Истанбул. Ова проекција со 3Д наочари е вклучена во цената на пакетот. Сафир има и трговски центар на четири спрата.
  • По завршувањето со посета на Сафир групата се упатува кон плоштадот „Таксим“.
  • ТАКСИМ. Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!. По посетата на Таксим групата се враќа во хотел. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН- 02.05.2020

Денот започнува со појадок! Веднаш по појадокот групата се упатува кон едно незаменливо крстарење по Босфор.

  • 08:20h КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. Ова екскурзија ви нуди набљудување и фотографирање на најубавите места што се наоѓаат на самиот кеј на Босфорот. Истанбул има и азиски дел, доста модерен и современ! Затоа ние ве водиме на азискиот континент со панорамски разглед на модерната бизнис страна на градот по што групата завршува во едни од најлукузните трговски центри во градот.
  • 10:30h ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА. Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
  • 13:00h ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ИСТАНБУЛ со ПОСЕТА НА ЕМИРГАН „ПАРКОТ НА ЛАЛИЊАТА“ : Панорамскиот разглед на истанбул трае од самиот старт на денот до самиот крај. Меѓутоа мора да се нагласи во делот по Долмабахче бидејќи ова возење е низ најубавиот предел на градот. Автобусот движи во непосредна близина на стадионот Бешикташ, старата турска касарна, во непосредна близина на доста луксузни хотели, а самата панорама е збогатена со многу информации од лиценцираниот водич кои ги презентира во автобусот.
  •  Она по што се разликуваме од останатите агенции е тоа дека на секоја екскурзија вметнуваме нешто ново, а симболично за периодот во кој се посетува Истанбул. Затоа за ова патување ние го имаме Емирган. Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.
  • 16:30h ПОСЕТА НА EMMAR SQUARE MALL И WATERGARDEN. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН- 03.05.2020

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. По одјавувањето на рецепција заедно со куферите групата се упатува кон автобусот и ја посетуваме фабриката ” Kоска ” ( фабрика за традиционални благи работи).

Освен фабриката „Коска“ се посетува и трговски ценар каде патниците имаат доволно време да го заокружат ова патување со добар шопинг.

Сместување

Хотел со 3* со појадок

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол. Во непосредна близина на хотелите се наоѓа Капали Чаршија, Аја Софија, Сината Џамија и други важни спомен обележја кои мамат милиони туристи годишно.

Цени

Поаѓање

30.04.2020

Враќање

03.05.2020

Промо цената важи до 29.02

Цена

90 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

– Две ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во населбите Аксарај/ Лалели
– Превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Пешачка тура со локален водич (Хотел, капали чаршија и хиподром)
– Пратител за време на престојот од агенција
– Посета на фабриката Коска
– Посета на трговски центар

Што не е вклучено во цената

– Факултативните излети ( Се плаќат во автобус исклулчиво во евра )
– Патничко осигурување ( Се плаќа во агенција )
– Доплата за сингл соба 30е за целиот престој ( Доколку патувате сам/а )
– Доплата за туристичка такса 2е за 2 ноќевања од лице ( Се плаќа во автобус )

Факултативни излети

Аја Софија

20€

Аја Софија или Црквата на Пресветата Мудрост, која претставува поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет за речиси илјада години. Во неа се случил и т.н. Голем раскол на црквата или Големата шизма. Света Софија претставува првиот типичен пример за византиска архитектура и се смета од страна на многу архитекти за светско чудо. Едно од најголемите елементи од декорацијата претставуваат шесте илјади лустери, кои го осветлуваат големото внатрешно пространство. Од отоманскиот период денеска се зачувани олтарот или михраб, минибарот, тронот на султанот, двата огромни светилници на Сулејман од 1526 година. Аја Софија е изградена во 537 г. По барање на Јустинијан ПРВИ и била наменета за христијанска катедрала,до 1453 кога фатих Султан Мехмет ја превзема и ја сменил во џамија.Денес се користи како музеј 1935 и во неа може да се видат и христијанските и муслиманските обележја.

Посета на облакодерот Сафир со вкучена кино проекција и плоштад „Таксим“

20€

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул. Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

Крстарење по Босфорот

20€

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Посета на палатата Долмабахче

20€

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Панорамски разглед со посета на паркот на лалето

15€

Она по што се разликуваме од останатите агенции е тоа дека на секоја екскурзија вметнуваме нешто ново, а симболично за периодот во кој се посетува Истанбул. Затоа за ова патување ние го имаме Емирган. Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden

20€

Првиот мол е Emaar Square Mall и е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во самиот трговски центар се наоѓа и еден од најпознатите аквариуми во Истанбул. Во ВИП ПАКЕТОТ посета на аквариумот е вклучена во пакетот. Во пакет 1 посетата на аквариумот се доплаќа вон пакетот. Посетата на Аквариумот изнесува 15 eвра по лице.

Вип пакет: Сите тури!

120€

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.

Факултативите оделно изнесуваат 130 евра. Доколку ги купите како ВИП пакет имате заштеда од 10 евра по лице или 120 евра за тридневно уживање.

(Со вклучен аквариум во ВИП пакетот)

Пакет 2

65€

  • Kрстарење по Босфор
    Посета на Долмабахче палатата
    Панорамски разглед со посета на паркот на лалето
    Ноќен Истанбул ( Emar Square Mall и Watergarden )- Не е вклучена посетата на аквариумот

Напомена:Напоменa: Пакет 2 освен крстарење по Босфорот, другите екскурзии не можете да ги земете одделно од причини што сите тури се споени една со друга и е подобро за самите патници  да го доживеат градот во најдобро светло. Доколку одите само на крстарење, агенцијата е должна да ве однесе  до пристаниште и да ја реализриа екскурзијата. За враќањето се организират патниците во сопствена режија.

(Намалување од 75 евра)

Локација

Општи услови

Слични патувања