Краков за 8-ми Март

цена од

169

EUR

сега од

138

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.03.2020
08.03.2020
Автобус
Хотел

Краков е град во јужниот дел на Полска. Се наоѓа над реката Висла. Во минатото била престолнина на Полска. Денеска во него живеат околу 750 000 жители. Површината на градот е 326,8км. Краков е административен, културен, образовен, индустриски и туристички центар во регионот. Краков е еден од најважните културни центри на Полска, а и го сметаат за културна престолнина на државата. Во Краков се наоѓаат многу културни институции кои се од посебно значење за цела Полска.

План и програма

1.Ден 05.Март 2020 / Скопје – Краков:

Тргнување на автобусите од паркингот спроти Хотел Holiday INN во претпладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.

06. Март 2020 / Полска – Краков:

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на  запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

07. Март 2020 / Краков –Аушвиц  (факултативно):

Појадок. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални актиивности. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

08. Март 2020 / Краков- Величка (факултативно) – Скопје:

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за сол, еден од најстарите на светот, кој од  1978 година е на листата на  УНЕСКО. Разгледот трае околу  90 минути низ ходниците долги околу  2 км, на длобачина од стотина метри под земја. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 09.03.2020.

Сместување

Хотел со 3*

Сместување на база на 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

Цени

Поаѓање

05.03.2020

Враќање

08.03.2020

Промо цената важи до 31.01

Цена

169 EUR

Промо Цена

139 EUR

Што е вклучено во цената

  • Сместување на база на 2 ноќевања со појадок во хотел со 3***
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за време траење на аранжманот
  • Организација на патувањето
  • Разглед на Краков со водич

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување од 250 денари
  • Факултативен излет Аушвиц 35 евра
  • Факултативен излет  Величка 35  евра
  • Факултативна вечера во национален ресторан
  • Индивидуални трошоци

Факултативни излети

Запознавање на градот

Се упатуваме на  запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.

АУШВИЦ

Факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални актиивности. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан.

Величка

Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за сол, еден од најстарите на светот, кој од  1978 година е на листата на  УНЕСКО. Разгледот трае околу  90 минути низ ходниците долги околу  2 км, на длобачина од стотина метри под земја.

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR