Лето во Кумбургаз-Истанбул на сама плажа!

цена од

189

EUR

сега од

155

EUR

Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација.

План и програма

ПРВ ДЕН ( ПОАЃАЊЕ)

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел околу 20:30 часот. Тргнување во 21:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните пет дена. Агенцијата ги конткатира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во Diamond Hotel  кој има своја приватна плажа.

ВТОР ДЕН (ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО КУМБУРГАЗ)

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

ТРЕТ ДЕН (КУМБУРГАЗ И БУЈУКЧЕКМЕЏЕ)

Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментот на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. Остатокот од денот е слободен за сите патници за да може да го искористат за капење во морето и релаксација се до 18:30 минути кога е предвидено факултативна екскурзија за да го запознаете Кумбургаз во друго светло.
Ќе имате можност да ја видите зградата на општината на Бујугчекмеџе која претставува најголем белег во ова место, и да уживате во прекрасната прошетка на брегот на мраморното море.

Шетајќи по шеталиштето покрај брегот ќе наидеме на ресторани и кафетерии кои се на самата плажа на само неколку чекори од морето. Овде ќе имате можност за прошетка на шеталиштето и со возче, а истотака ќе може да сретнете и традиционални турски тезгаџии каде што може да се купи се од сувенири па до облека.

ЧЕТВРТ ДЕН (КУМБУРГАЗ)

Четвртиод ден започнува со појадок во хотелот во кој што се сместени патниците. Остатокот од денот е слободен за сите патници, да можат да го искористат за капење во море, сончање и пијалок. Можно е и организирање на журка на плажа доколку се заинтересирани поголемиот дел од патниците.

По завршетокот на денот следува ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН ( ЦЕЛОДНЕВНА ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ)

Петиод ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор.  Програмата за четвртиот ден е следната:

 

  • 09:30КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
  • 11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

  • 13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

  • 16:30- EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

 

ШЕСТИ ДЕН ( ЦЕЛОДНЕВНА ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА НА АКВА ПАРК)

Петиот ден започнува со појадок и поаѓање кон аква паркот.
Во шестиот ден од програмата ви го нудиме Aqua Marine Aquapark.

Аква Марин е воден парк кој им служи на своите посетители од 1999 година. Со своите разни слајдови и базени, има за цел да ви подари на вас и на вашите деца неверојатно забавен ден. Исто така е исклучително хигиенски и безбеден. Паркот, во кој можат да се сместат 3.000 посетители во исто време, користи супстанции со меѓународни стандарди и ги има истите стандарди на хигиена. Додека се забавувате, можете да побарате од фотографи околу вас да ви направат ваша фотографија. Можете да се вратите дома со прекрасно сеќавање и добро расположение.

Времето за поаѓање кон хотелот го организира водичот.
По враќање во хотелот следува ноќевање.

СЕДМИ ДЕН ( ПОАЃАЊЕ КОН МАКЕДОНИЈА)

Седмиот ден започнува со појадок, веднаш потоа следува поаѓање кон Македонија.

Сместување

DIAMOND CITY HOTELS & RESORTS KUMBURGAZ - ISTANBUL

Хотели и одморалишта на Diamond City  е одличен избор за сместување во Кумбургаз. Овој модерен хотел, чија историја започна во 1990 година, има 90 соби. Овој имот со 3 ѕвезди нуди 24-часовна услуга и комфорт.

Важно

  • ЗА ВЛЕЗ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ПОТРЕБНО Е ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ДА СЕ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕ!
  • ПОСТОИ ОПЦИЈА ЗА ДОПЛАТА ЗА ВЕЧЕРА ВО ХОТЕЛОТ, И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАБАВИ НА ПЛАЖА.
  • ПОАЃАЊЕ ЕДЕН ДЕН ПОРАНО ОД ДАТУМИТЕ НА ТЕРМИНИТЕ ШТО СЕ ДАДЕНИ.

Цени

Поаѓање

20.07.2020

Враќање

25.07.2020

Цена

189 EUR

Промо Цена

155 EUR

Поаѓање

10.08.2020

Враќање

15.08.2020

Цена

199 EUR

Промо Цена

169 EUR

Поаѓање

17.08.2020

Враќање

22.08.2020

Цена

199 EUR

Промо Цена

169 EUR

Што е вклучено во цената

  • Пет ноќевања во хотел 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Туристички придружник за време на целиот престој

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.

Факултативни излети

Крстарење по Босфор

Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.

МОМИНСКА КУЛА (Kiz Kulesi).

Моминската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Моминската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девинатс кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden и Таксим Плоштад

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Моминска (Девојачка) кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

65 EUR

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).

Aqua Marine Aquapark

Аква Марин е воден парк кој им служи на своите посетители од 1999 година. Со своите разни слајдови и базени, има за цел да ви подари на вас и на вашите деца неверојатно забавен ден. Исто така е исклучително хигиенски и безбеден. Паркот, во кој можат да се сместат 3.000 посетители во исто време, користи супстанции со меѓународни стандарди и ги има истите стандарди на хигиена. Додека се забавувате, можете да побарате од фотографи околу вас да ви направат ваша фотографија. Можете да се вратите дома со прекрасно сеќавање и добро расположение.

Разглед на Бујукчекмеџе со водич.

Ќе имате можност да ја видите зградата на општината на Бујугчекмеџе која претставува најголем белег во ова место, и да уживате во прекрасната прошетка на брегот на мраморното море.

Шетајќи по шеталиштето покрај брегот ќе наидеме на ресторани и кафетерии кои се на самата плажа на само неколку чекори од морето. Овде ќе имате можност за прошетка на шеталиштето и со возче, а истотака ќе може да сретнете и традиционални турски тезгаџии каде што може да се купи се од сувенири па до облека.

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

299

EUR

сега од

99

EUR