Патување во Истанбул за 14-ти Март!

цена од

90

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
12.03.2020
15.03.2020
Автобус
Хотел

Поради фактот дека многу од нашите патници и патнички не се во можност да патуваат за 8-ми Март во Истанбул и на нивно огромно барање ви ја претставуваме новата тура за 12-ти Март, како продолжение на чествувањето на празникот на жената 8-ми Март!
Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот, која од 1937 година е прогласена за музеј со декрет на Кемал Ататурк и која сведочи за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.

Патувањето во Истанбул со нашата агенција преставува поинакво доживување, а низ годините нанзад нашата агенција се докажува како најдобар организатор на сите патувања. Со срушен рекорд и со најголем број на патници, ние знаеме како да ви го доловиме градот во вистинско светло. Младите и амбициозни водчи кои се секогаш со вас за што и да ви затреба само ја потврдуваат вашата титула. Сите ваши прашања кои не се одбјаснети во програмата, чуствувајте се слободни да ги поставите во некоја од нашите канцеларии:

Скопје: 071227847 или 071227837
Штип: 074227837

План и програма

ПРВ ДЕН: 12.03.2020: ПОАЃАЊЕ

Средба на групата на паркинг на ВИП ХОТЕЛ во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.

ВТОР ДЕН: 13.03.2020

Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 11:00hПосета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 12:30hПосета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.
  • По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек.
  • 17:30h: Посета на Сафир 4Д кула. Ова станбена зграда важеше за една од највисоките објекти во Истанбул. Се наоѓа во Левент, област која турците ја нарекуваат истанбулскиот „Менхетен“. Патниците коишто ќе се решат да ја посетат Сафир кулата ќе имаат можност да го набљудуваат градот од една птичка перспектива и тоа на отворен балкон кој го опкружува најгорниот спрат на кулата и е ограден само со стакла. Досегашната пракса покажала дека Сафир е место од каде може да се направат едни од најубавите фотографии за социјалните мрежи. Во самата внатрешност на објектот на најгорниот спрат се наоѓа кино проекција, која не е обична туку 4Д проекција која виртуелно те вози низ Истанбул. Ова проекција со 3Д наочари е вклучена во цената на пакетот. Сафир има и трговски центар на четири спрата.
  • ПЛОШТАД-ТАКСИМ  Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!
ТРЕТ ДЕН: 14.03.2020

Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор.  Програмата за вториот ден е следната:

  • 08:20h- СОБИР ВО ЛОБИ НА ХОТЕЛ
  • 09:00h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

    • 11:00h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
      Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
    • Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот.
    • 13:00h- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ ЗА ПРВ ПАТ.
      Панорамскиот разглед започнува од самото зимање пред хотел до самото враќање во хотел со локален водич. Се поминува од хотелот Пера Палас каде што престојувала Агата Кристи и го пишувала својот роман Убиство во “Ориент Експрес”. Првиот универзитет во Истанбул, Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери. Во панорамскиот разглед се посетува и азискиот континент и до познатата населба Ортакој каде што се прават најдобрите селфиња. Голем дел од жителите сметат дека ова место е најдобро место каде што можете да го доживеете Босфорот и направите најдобрите фотографии, нормално во позадина го имате и босфорскиот мост.  Сите филмови што се снимени во Истанбул, на сите има сцени од ова место.
    • 17:00h–НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden
      Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
      Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    •  Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.

ЧЕТВРТ ДЕН: 15.03.2020

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“.

  • 09:30h– Одјавување од хотел и собир во лоби
  • 10:00h– Кожена фабрика
  • 11:30h– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар OUTLET 212. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки по најпримамливи цени.

По завршување со посетата на трговскиот центар. Групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

НАПОМЕНА: АГЕНЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА, ДОКОЛКУ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОГРОМНА ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ИЛИ ВО САМИОТ ГРАД! МЕНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ВО ВАКВИ ВОНРЕДНИ СЛУЧАЕВИ, Е ВО ПОЛЗА НА ПАТНИЦИТЕ.

Сместување

Хотел со 3* со појадок

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол. Во непосредна близина на хотелите се наоѓа Капали Чаршија, Аја Софија, Сината Џамија и други важни спомен обележја кои мамат милиони туристи годишно.

Важно

НАПОМЕНА: АГЕНЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА, ДОКОЛКУ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОГРОМНА ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ИЛИ ВО САМИОТ ГРАД! МЕНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ВО ВАКВИ ВОНРЕДНИ СЛУЧАЕВИ, Е ВО ПОЛЗА НА ПАТНИЦИТЕ.

Седиштата се нумерирани според уплатата.

Цени

Поаѓање

12.03.2020

Враќање

15.03.2020

Промо цената е до 29.02.2020

Цена

90 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

  • За деца до 11,99 години аранжманот се наплаќа на пола цена.
  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија и Хиподромот
  • Посета на фабриката „Коска“
  • Посета на трговски ценар

Што не е вклучено во цената

  • патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временскиот редослед на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Фактултативните излети не се вклучени во цената

Факултативни излети

Аја Софија

20€

Аја Софија или Црквата на Пресветата Мудрост, која претставува поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет за речиси илјада години. Во неа се случил и т.н. Голем раскол на црквата или Големата шизма. Света Софија претставува првиот типичен пример за византиска архитектура и се смета од страна на многу архитекти за светско чудо. Едно од најголемите елементи од декорацијата претставуваат шесте илјади лустери, кои го осветлуваат големото внатрешно пространство. Од отоманскиот период денеска се зачувани олтарот или михраб, минибарот, тронот на султанот, двата огромни светилници на Сулејман од 1526 година. Аја Софија е изградена во 537 г. По барање на Јустинијан ПРВИ и била наменета за христијанска катедрала,до 1453 кога фатих Султан Мехмет ја превзема и ја сменил во џамија.Денес се користи како музеј 1935 и во неа може да се видат и христијанските и муслиманските обележја.

Топ Капи

20€

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција

20€

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

ПЛОШТАД-ТАКСИМ  Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на Ortakoy

10€

Панорамскиот разглед започнува од самото зимање пред хотел до самото враќање во хотел со локален водич. Се поминува од хотелот Пера Палас каде што престојувала Агата Кристи и го пишувала својот роман Убиство во “Ориент Експрес”. Првиот универзитет во Истанбул, Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери. Во панорамскиот разглед се посетува и азискиот континент и до познатата населба Ортаќои каде што се прават најдобрите селфиња. Голем дел од жителите сметат дека ова место е најдобро место каде што можете да го доживеете Босфорот и направите најдобрите фотографии, нормално во позадина го имате и босфорскиот мост.  Сите филмови што се снимени во Истанбул, на сите има сцени од ова место.

Крстарење по Босфорот

20€

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Посета на палатата Долмабахче

20€

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden

20€

Првиот мол е Emaar Square Mall и е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во самиот трговски центар се наоѓа и еден од најпознатите аквариуми во Истанбул. Во ВИП ПАКЕТОТ посета на аквариумот е вклучена во пакетот. Во пакет 1 посетата на аквариумот се доплаќа вон пакетот. Посетата на Аквариумот изнесува 15 eвра по лице.

Аквариум “Емар”

15€

Аквариумот во Емар Сквер Мол е еден од најголемите во Истанбул. Располага со секаков вид на животински морски свет, освен пирани и ајкули коишто важат за атракција во аквариумот, исто така може да најдете и пингвини, папагали, различен вид на пајаци, како и наголемиот крокодил во Истанбул живее во овој аквариум.

Пакет 1

60 €

Пакет – 60 € (Намалување од 70€)
Крстарење по Босфор
Долмабахче
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на Ортакој
Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden)

ВИП ПАКЕТ

130€

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.

ВИП пакет- Цена: 145€ (Намалување од 130€)
Сите тури

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

90

EUR

сега од

79

EUR