Будва за 8-ми Март

цена од

85

EUR

сега од

69

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.03.2020
08.03.2020
Автобус
Вила

БУДВА бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна карактеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете!

План и програма

05.03.2020 Четврток Скопје – Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот.  Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

06.03.2020 Петок  Будва

Попатна посета на Свети Стефан,луксузно летувалиште. Пристигнување во Будва околу пладне, можност за прошетка низ Будва. Сместување. Попладне можност за возење со бродче низ Јадран и уживање во погледот на плажите на Јадранското приморје, факултативно.

Вечерта можност за прошетка низ Стариот град, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

07.03.2020 Сабота Будва – Porto Montenegro, Тиват и Котор

Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, Тиват. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват. Од овде се упатуваме на прошетка низ Котор. Враќање во сместувањето.

Вечерта можност за факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.

08.03.2020 Недела  Дубровник- Скопје

Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море.

Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнуваме за Македонија.

Ноќно возење преку Албанија и Косово. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови во четврток.

Сместување

Апартманско сместување

2 ноќи во апартман во Будва со појадок

Важно

  •  За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  •  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  •  Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  •  Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  •  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Цени

Поаѓање

05.03.2020

Враќање

08.03.2020

Промо цена по лице до 29.02

Цена

85 EUR

Промо Цена

69 EUR

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќи во апартман во Будва со појадок
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Факултативна посета на Дубровник – 15 евра
  • Факултативна посета на Porto Montenegro, Тиват и Котор – 10 евра
  • Факултативна свечена вечера во ресторан
  • Факултативно возење со бродче – 10 евра
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Факултативни излети

Факултативна посета на Дубровник

15€

Факултативна посета на Porto Montenegro, Тиват и Котор

10€

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

89

EUR

сега од

75

EUR