Menu

23-ти Oктомври во Атина

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.10.2022
24.10.2022
Автобус
Хотел

Атина е величествен град, чиј далечно минато е завиткано во најпознатите грчки митови и легенди. Настаната е на земја каде се испеани незаборавни стихови, кажани големи мисли, и создадени големи дела од човековата рака. Славата и ја донесоа истакнати уметници, филозофи, научници, државници и војсководи. За нејзината величественост може да сведочат нејзините антички градби, нејзиното совршенство и едноставност. Атина е колевка на демократијата и на нашата цивилизација, но им припаѓа на сите Европјани. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина.
Атина е приказна која трае….

План и програма

ПРВ ДЕН (21.10) Петок

Состанок на групата во 20:30 часот спроти спортската сала Јане Сандански. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН (22.10) Сабота

Пристигнување во Атина во утринските часов. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.

Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.

Вечерта слободно времер за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

ТРЕТ ДЕН (23.10) Недела

Атина-Корнит-Пелопонез

Појадок.
Целодневна екскурзија на АрголидаКоринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.

Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваменоќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (24.10) Понеделник

Појадок.

Факултативна екскурзија Аполоновиот брег на Атика, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.

Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности присигнување во доцните ноќни часови.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

ETA Cashback

Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?

Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Цени

Од

22.10.2022

До

24.10.2022

Цена

139 EUR

Промо Цена

119 EUR

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 40е
Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 10е
Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
Патничко осигурување

Важно

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба цената изнесува 159 евра
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 79e
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Факултативни излети

Сунион и Аполоновиот брег

10е

Арголида-Пелопонез

40е

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања