8-ми Декември Луковска Бања- Копаоник

цена од

155

EUR

сега од

133

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.12.2020
08.12.2020
Автобус
Хотел

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

План и програма

1.Ден 05.12.2020 (Сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.

2.Ден 06.12.2020 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 07.12.2020 (Понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Време за релаксирање во СПА ценатар или природа. Ручек. Слободно попладне за користење на содржините од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

4.Ден 08.12.2020 (Вторник) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел Јелак 4*

Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Јелак 4* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);

Важно

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
– За ова патување не е потребен PCR тест.
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Цени

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

08.12.2020

Петок 13-ти промо цена

Цена

155 EUR

Промо Цена

133 EUR

Што е вклучено во цената

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Јелак 4* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера – класично послужување);
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи);
– 2 рачни масажи во времетраење од 10 минути;
– Користење на сала за забава и рекреација;
– Туристичка такса;
– Организација и реализација со туристички придружник.

Што не е вклучено во цената

– Задолжително патничко осигурување;

– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

Факултативни излети

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

99

EUR

сега од

49

EUR