8-ми Декември Пролом Бања 3 ноќевања

цена од

190

EUR

сега од

150

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.12.2020
08.12.2020
Автобус
Хотел

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8+), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна.
На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.

План и програма

1.Ден 05.12.2020 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 06.12.2020 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.  Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности можност за користење на Велнес Центарот на хотелот. Предлог попладневно капење во внатрешно/надворешниот базен со прекрасна панорама кон падините на планината Радан, по капењето користење топли клупи тепидариум. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 07.12.2020 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

4.Ден 08.12.2020 (вторник) ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување кон Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Сместување

Хотел Радан 3*

Сместување во Хотел Радан 3*  во двокреветни соби на база 3 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса);

Важно

– Дете 2-8,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање)

– Дете 9-13,99год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  плаќа 50% од цената на возрасен, 75€/ 4.650ден (на барање)

– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 150€/.9.300 (на барање)

– Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790 (на барање)

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.

– За ова патување не е потребен PCR тест.

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

Цени

Поаѓање

05.12.2020

Враќање

08.12.2020

Промо цена важи до 25.11

Цена

190 EUR

Промо Цена

150 EUR

Што е вклучено во цената

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во Хотел Радан 3*  во двокреветни соби на база 3 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса);

– Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера со сервирање;

– Користење на услугите од Велнес Центар: отворено – затворен базен,  сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум;

– Користење теретана и фитнес сала;

– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо);

– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со вклучен автобуски превоз и влезница;

– Излет до црквата Лазарица со локален водич;

– Туристичка такса;

-Организација и реализација со туристички придружник.

Што не е вклучено во цената

– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

Факултативни излети

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

99

EUR

сега од

49

EUR