БЕЛГРАД-НОВИ САД-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА

цена од

89

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
11.03.2021
14.03.2021
Автобус
Хотел

Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.

План и програма

1.Ден – 11.03.2021

Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден – 12.03.2021

Пристигнување во Белград, сместување во хотел и кратка пауза за одмор на патниците. Во договорено време се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан, прошетки и кафе по Кнез Михајлова со локален водич. Вечерта слободно време. Ноќевање.

3.Ден- 13.03.2021

 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад. Прво пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Ново Хопово. По разгледите продолжуваме кон Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на вино. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе.  Во договорено време поаѓање за Белград. Попатно посета на тровски центар ИНЃИЈА. Пристигнување во Белград во вечерните часови. Ноќевање.

4.Ден - 14.03.2021

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на тровски центар УШЧЕ, слободно време за шопинг, кафе и сл. Во договорено време поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

Сместување

Важно

НАПОМЕНА!!!Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 20 патници.

Поаѓање од Битола, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово

Се патува со лична парта или пасош.

Цени

Поаѓање

11.03.2021

Враќање

14.03.2021

Рана резервација до 15.02.2021

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* во Белград
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата
  • Разглед на Белград со локален водич

Што не е вклучено во цената

  • Факултативен целодневен излет НОВИ САД+СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ+ФРУШКА ГОРА-25 еу
  • Факултативно крстарење Дунав и Сава -15 еу
  • Патничко осигурување

Факултативни излети

НОВИ САД+СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ+ФРУШКА ГОРА-

25

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања