Белград за 8-ми Март

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.03.2021
07.03.2021
Автобус
Хотел

Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.

План и програма

ПРВ ДЕН 05 Март 2021. / Скопје – Белград:

Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел.. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација) е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 06 Март 2021. / Белград-Нови Сад:

Појадок.  Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Враќање во хотел. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на традиционалните Белградски кафани. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН 7 Март 2021. / Белград - Скопје

Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Сместување

Хотел Prince Hall 4*

Хотелот се наоѓа во самиот центар на Белград, собите од хотелот гледаат на прекрасната Кнез Михајлова. Одалечен е само на неколку чекори од главниот плоштад, тврдината Калемегдан и Народниот музеј. Собите се опремени со сопствено купатило, TV, клима уред. Во хотелот секое утро се служи континентален доручек.

Hotel Nobel 4*

Хотелот се наоѓа на одлична локација, во централното градско подрачје, на само 2 km од Кнез Михаилова, во близина на меѓуградската автобуска станица. Поседува двокреветни и трокреветни соби. Собите се удобни и во модерен дизајн. Секоја соба има сопствен тоалет,wi-fi, TV.телефон,фен,мини бар. Во склоп на хотелот има сала за појадок/вечера и бар. Хотелот претставува објект од архитектонска вредност, заштитен од страна на Заводот за заштита на споменици на градот Белград.

Важно

За патувањето да биде реализирано потребни се 30 патници
Ова патување освен со пасош може да се реализира и со лична карта
Поаѓање од Битола, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово

Цени

Поаѓање

05.03.2021

Враќање

07.03.2021

Hotel Prince Hall 4* 1/3

Цена

99 EUR

Промо Цена

89 EUR

Поаѓање

05.03.2021

Враќање

08.03.2021

Hotel Prince Hall 4* 1/2

Цена

109 EUR

Промо Цена

99 EUR

Поаѓање

05.03.2021

Враќање

08.03.2021

Hotel Nobel 4* 1/3

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Поаѓање

05.03.2021

Враќање

08.03.2021

Hotel Nobel 4* 1/2

Цена

99 EUR

Промо Цена

89 EUR

Што е вклучено во цената

Превоз на релација Скопје – Белград – Скопје
2 ноќевања во хотел со 4* со појадок
Туристички придружник за време на патувањето
Разглед на градот

Што не е вклучено во цената

Факултативни излети
Патничко осигурување

Факултативни излети

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања