Будва и Острог за 24-ти Мај

цена од

69

EUR

сега од

59

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.05.2021
24.05.2021
Автобус
Приватни сместувања

Нашиот тим е се’ уште под импресии од турата за Велгигден во Будва.
Прекрасните градови:Будва, Котор, Тиват, крстарењето по Бока Которска со глисери и задоволството од нашите патници е причината за ова тура да ја организираме повторно, овој пат за 24-ти Мај.
Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје. За 24-ти Мај Ве носиме повторно во Будва.

 

План и програма

ПРВ ДЕН -21.05.2021 (Петок)

Состанок на група на паркингот кај Хотел Вип во 21:00ч, 21:30 поаѓање. Транзитот се одвива преку, Косово и Албанија. Со оглед на тоа дека во овие држави има полициски час, паузите ќе бидат скратени се со цел да се прилагодиме на условите кои важат за транзит низ земјите.

ВТОР ДЕН- 22.05.2021 (Сабота)

Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир.
По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со водич, се посетува стариот град во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН- 23.05.2021 (Недела)

Во 09:15ч состанок на група пред вила, 09:30ч поаѓање кон Котор и Тиват.
Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно, нешто ново кое е понудено на македонскиот пазар.
Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН- 24.05.2021 (Понеделник)

Слободно време до 14:00ч. Во 14:30 собир на група и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар.
Во Бар она што треба да се посети е  храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 18:00ч и заминување кон Македонија. Пристигнувањето во Македонија е предвидено после 05:00ч поради полицискиот час.

Сместување

Приватни сместувања

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За ова патување влезот во Р. Црна Гора – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Цени

Поаѓање

21.05.2021

Враќање

24.05.2021

Промо цена до 15.05!

Цена

69 EUR

Промо Цена

59 EUR

Што е вклучено во цената

  • Сместување во Будва, 2 ноќевања
  • Превоз по дадените протоколи на дадената релација
  • Посета на Острошки Манастир
  • Tуристички придружник

Што не е вклучено во цената

  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Превоз со комбиња до и од манастирот  2 евра (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Влезници за културно историските локалитети,
  • Факултативно крстарење со глисер по Бока Которска  (Се плаќа во автобус),
  • Факулативен излет до Тиват и Котор,
  • Туристичка такса 1,5 евра за едно ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Факултативни излети

Тиват, Котор и и крстарење по Бока Которса со глисери (Пакет)

35

Околу 09:00ч состанок на групата пред вилите и поаѓање кон Котор. Денот започнува со крстарење по Бока Которска со глисери.
Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно.
Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По враќањето од крстарење групата има слободно време околу 2 часа во Котор. Неопходна е посета на стариот град. Тесните улички и автентичната архитектура се убавината на стариот град. Мешавина од култури, религии оставиле трага на секоја улица. Во градот има многу кафетерии, сувенирници, црката Свети Лука изградена во готски стил,црквата Св. Никола, најзабележителен е католикот Катедрала на Свети Трифун итн. Посетете ја тврдината Свети Јован која е изградена од времето на венецијанците. Патот до врвот на тврдната е тежок, од 50-60 минути искачување по скали но глетката од таму ќе ве остави без зборови. По посетата, групата се упатува кон градот кој го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Групата ќе има слободно време за индивиудални активности а ние препорачуваме кафе и уживање покрај пристаниште кој нуди поглем кон море и луксузните јахти.

Цената е 35 евра. Екскурзиите се плаќаат во автобус и пријавата е исклучиво за пакет, одделно не се зимааат екскурзиите.

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR