Голубац- Кладово- Ниш

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.04.2021
03.05.2021
Автобус
Хотел

Tура која не смеете да ја пропуштите. Истражување на Источна Србија, Кладово, тврдината Голубац, крстарење по Дунав низ Ѓердaпска клисура и посета на Ниш
Она што препорачуваме ние е следно:

План и програма

ПРВ ДЕД 30.04.2021

Состанок на групата кај спортската сала во 23:15ч. 23:30ч заминување кон Србија. Попатно собирање патници од Прилеп, Дреново, Велес, Скопје и Куманово. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце и ноќно возење со кратки пауза.

ВТОР ДЕН 01.05.2021

Пристигнување во раните утрински часови во Голубац. Посета на Голубачката тврдина. Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии и за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изградена во времето на Српското царство. Кулите во времето на Османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна.По посетата на тврдината предвидено е заминување за Кладово. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Во 23:00ч поаѓање во локална црква, дочек на Христовото Воскресение. Ноќевање

ТРЕТИ ДЕН 02.05.2021

Доручек во хотел. По доручекот групата се упатува на крстарење по Дунав. За време на ова крстарење ќе имате можност да го видите најголемиот музеј на отворено во овој дел на Србија- плочата на Трајан,камен на скулптура на дакискиот крал Декебал, романскиот манастир во Марконија.По крстарењето групата се враќа во хотел и следи свечен велигденски ручек. Слободно време. Вечера. Можност за посета на бар или кафуле доколку има интерес од страна на групата и дoколку дозволат протоколите. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН 03.05.2021

Доручек во хотел. 09:30ч напуштање на собите и 10:00ч заминување за Ниш, родното место на Константин Велики, првиот христијански римски цар и основач на Цариград I. Тој е дом на една од најстарите христијански цркви во Србија кои датираат од 4 век во предградие на Медијана.Во Ниш групата ќе има слободно време за прошетка и кафе а во попладневните часови поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови во Битола.

Сместување

Сместување во хотел со 4*

Важно

– За ова патување се потребни мин. 30 патници за реализација.
– Ова патување може да се реализира со пасош или лична карта.
– 30% уплата за резервација. Остатокот се доплаќа на 7 дена пред поаѓање.
– Доплата за сингл соба 70% плус од цената која важи во моментот.
– За влез во тврдината потребна е најава 10 дена пред реализација на аранжман.

Цени

Поаѓање

30.04.2021

Враќање

03.05.2021

промо цената важи до 27.03

Цена

8000 ДЕН

Промо Цена

7000 ДЕН

Што е вклучено во цената

– Превоз
– 2 ноќевање во хотелско сместувањесо 4* на база HB(појадок и вечера)
– Свечен велигденски ручек
– Крстарење по Дунав (2 часа)

Што не е вклучено во цената

– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
– 5 евра влезница за тврдината Голубац (задолжителна пријава во агенција најмалку 7 дена пред поаѓање )
– 2 eвра туристичка такса oд лице (задолжително се плаќа во автобус)

Факултативни излети

За ова патување нема факултативни излети

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања