Месец на лалето во Истанбул

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
15.04.2021
18.04.2021
Автобус
Хотел

Истанбул е волшебен град сам по себе, кој станува особено изразен кога ќе пристигнат пролетта и април. Истанбул e град на легенда и историја. Не залудно велат, кој еднаш отишол ќе сака повторно да се врати.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул (Istanbul) е најголемиот град во Турција ( Turkey) и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул (Istanbul)  зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Со околу 15 милиони жители, Истанбул ( Istanbul) е најнаселен град во Европа (Europe).
Во Истанбул се снимаат и најпознатите турски серии: Истанбулската невеста (İstanbullu gelin), Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü), Илјада и една ноќ (Binbir Gece) и многу други.Овде се наоѓа и еден од најголемите аеродроми (Istanbul Airport).

Времето во Истанбул (Weather in Istanbul) е за неколку степени секогаш потопло од кај нас. Постои мит дека лошото време во Истанбул (Istanbul) секогаш доаѓа од Балканот (Balkan).

Во Истанбул соработуваме со неколку хотели ( Istanbul hotels) : Хотел Бујук Парис, Хотел Мармара, Хотел Пеликан и уште многу други зависно од бројката напатници која ја имаме.

Меѓународниот фестивал на лалето во Истанбул се одржува од 1 до 30 април. Ако во овој период се најдете во Истанбул вие сте среќни. Во тој период сите авении, паркови, градини, кружни текови се обоени и украсени со овие пролетни цвеќиња.  Емигран паркот, еден од најголемите јавни паркови во Истанбул. Сместен на Босфорот во областа Саријер, после вториот мост на Босфорот. Овој парк поседува неколку градини со лалиња. Бидејќи еден од најубавите паркови во овој период ќе го посетиме и ќе можеме да уживаме во неговите убавини, наш предлог е да појдете со нас.

План и програма

ПРВ ДЕН- Четврток (15.04.2021)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот. Тргнување во 15:30. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН-Петок (16.04.2021)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул. Започнуваме со пешачката тура која што започнува од хотелите, се движиме кој Капали Чаршија каде што ќе имате можност да прошетате со локален водич. После Капали Чаршија се упатуваме кој Хиподром и Сината Џамија. Слободно време за фотографирање и прошетка околу Хиподром. Последна посета од пешачката тура е Аја Софија, поранешна црква и музеј која што денес е претворена во џамија.

 

Факултативни излети после пешачката тура:

Toп Капи

Истанбулски минијатурк

Облакодерот Сафир
Плоштадок Таксим

ТРЕТ ДЕН-Сабота (17.04.2021)

Денот започнува со појадок! Веднаш по појадокот групата се упатува кон Долмабахче Палатата.


ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. Ова екскурзија ви нуди набљудување и фотографирање на најубавите места што се наоѓаат на самиот кеј на Босфорот. Истанбул има и азиски дел, доста модерен и современ! Затоа ние ве водиме на азискиот континент со панорамски разглед на модерната бизнис страна на градот по што групата завршува во едни од најлукузните трговски центри во градот.

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ИСТАНБУЛ со ПОСЕТА НА ЕМИРГАН „ПАРКОТ НА ЛАЛИЊАТА“ : Панорамскиот разглед на Истанбул трае од самиот старт на денот до самиот крај. Она по што се разликуваме од останатите агенции е тоа дека на секоја екскурзија вметнуваме нешто ново, а симболично за периодот во кој се посетува Истанбул. Затоа за ова патување ние го имаме Емирган. Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.

ПОСЕТА НА EMMAR SQUARE MALL И WATERGARDEN. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Четврт ден-Недела (18.04.2021)

Појадок во хотелот, одјавување и посета на фабираката КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време  за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?

Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад кон Македонија. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел со 3*

 Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол. Во непосредна близина на хотелите се наоѓа Капали Чаршија, Аја Софија, Сината Џамија и други важни спомен обележја кои мамат милиони туристи годишно.

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  •  -MОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ-
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

Цени

Поаѓање

15.04.2021

Враќање

18.04.2021

Поаѓање на 15.04

Цена

99 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз

Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија

Tуристичка такса

Посета на фабриката коска

Шопинг во 212 центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативи излети

Индивидуални трошоци

Факултативни излети

Топкапи палата

20е

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

 

Пакет 1 (Екскурзиите од овој пакет не се зимаат одделно)

30е

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.,

Плоштадот Таксим
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

Пакет 2(Екскурзиите од овој пакет не се зимаат одделно)

80e

Посета на палатата Долмабахче

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Крстарење по Босфор

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Панорамски разглед со посета на паркот на лалето

Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.

 Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden

Првиот мол е Emaar Square Mall и е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во самиот трговски центар се наоѓа и еден од најпознатите аквариуми во Истанбул. Во ВИП ПАКЕТОТ посета на аквариумот е вклучена во пакетот.  Посетата на аквариумот се доплаќа вон пакетот.  -15евра

Вип Пакет

130е

-Крстарење по Босфор

-Долмабахче Палата

-Паркот на лалето (Emirgan Park)

– Ноќен Истанбул(Emaar Square Mall & Watergarden)

– Miniaturk Park

– Сафир Кула

– Посета на плоштад ТАКСИМ
-Топкапи

-Аквариум

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН