Кападокија-Анкара за Велигден (Автобуска програма)

цена од

199

EUR

сега од

179

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
28.04.2021
04.05.2021
Автобус
Хотел

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството…

План и програма

1 ДЕН | 28.04.2021 | СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот на Хотел Вип во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија,   со попатни паузи за одмор и царински формалности.Патот не води преку Истанбул,Анкара,Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови).

2 ДЕН | 29.04.2021 | КАПАДОКИЈА

Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме према  Кападокија.Пристигнување  во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел до 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. ВечераНоќевањe.

3 ДЕН | 30.04.2021 | КАПАДОКИЈА

МИСТИЧНА И МАГИЧНА КАПАДОКИЈА ЗАПОЧНУВА СО:

Појадок. По појадокот факултативно  ве водиме на разглед на познатото градче  Ѓореме : Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци“, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со преубав панорамски поглед на Ѓореме ,потоа се упатуваме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и невообичаени приказни. Посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на  фамилијарна работилница и продавница за слатки.

Во попладневните часови имаме преубаво доживување – МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО.

Препорака од 2 можности :

1. ATV SUNSET TOUR: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта, место каде што Вашите желби се исполнуваат и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Се вози во колана со неколку водичи.  Незаборавна авантура за сите возрасти. Наша топла препорака.  (Дозвола не е потребна)

2. BUS SUNSET TOUR:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената ДолинаВраќање во хотел. Вечера. Ноќевање.  

4 ДЕН | 01.05.2021 | КАПАДОКИЈА

Појадок .По појадокот околу 09 и 30 ч заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија –  вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од  пред  10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината –  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Вечера,припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање

5 ДЕН | 02.05.2021 | КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање.

 

6 ДЕН | 03.05.2021 | КАПАДОКИЈА-АНКАРА-СКОПЈЕ

Појадок .По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.

7 ДЕН | 04.05.2021 | СКОПЈЕ.

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови.

Сместување

Хотел ТОУРИСТ 4*

Хотел ДИНЛЕР 5*

Важно

  • Калкулацијата е правена на пријавени 40 патници или 75% од капацитет на седишта во автобус според прописи донесени од СЗО на РСМ. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
  • Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена.
  • Целосна доплата 10 дена пред патување.
ВАЖНА НАПОМЕНА:

– Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
– Доплата за соба 1/1 (сам во соба)  4200 ден.за хотел   .
– Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.
– Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30 % од цената.
– Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.

Агенцијата организира тестирање во просториите во договорено време, тестот ќе ве чини -60% од редовната цена на овластена лабараторија (Avicena) за издавање на истите. (цена на ПЦР тест 1200 ден, во случај на позитивен резултат средствата платени за тестирања се неповратни).

Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)  за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН PCR-ТЕСТ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ ПО -60% НАМАЛЕНА ЦЕНА (Лабораторија Avicena)

Цени

Поаѓање

28.04.2021

Враќање

04.05.2021

Важи промо цена до 27.03!

Цена

199 EUR

Промо Цена

179 EUR

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус  на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО на РСМ.
  • 4 ноќевања со појадок и вечера во Хотел ТОУРИСТ 4* во Ѓореме или Хотел ДИНЛЕР 5* во Урѓуп.
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
  • Посета на Анкара, мавзолејот на Кемал Ататурк *Посета на шопинг центар во Анкара Анка Мол.
  • Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.

Што не е вклучено во цената

  • Факултативна посета од трети ден по програма  црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез – 10 еур
  • ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење 2 часа за 2 лица по програма од трет ден(цена по мотор) – 25 еур.
  • Мистична и магична Кападокија  од 3 ти ден по програмата,со стручен локален водич + превоз – 20 еур.
  • факлутатива од  четврти ден  со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45 еур.
  • Факултатива од петти  ден со сите влезници и ручек опишана во програма – 45 еур
  • Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер – 30 еур.
  • Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони по цена од 90 еур до 150 еур по лице)
  • Туристичка такса 2 еур од ден по соба (се плаќа во агенција)
  • Задолжително патничко осигурување .
  • Индивидуални трошоци.

Факултативни излети

Цени на факултативни излети

  • Факултативна посета од трети ден по програма  црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез – 10 еур
  • ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење 2 часа за 2 лица по програма од трет ден(цена по мотор) – 25 еур.
  • Мистична и магична Кападокија  од 3 ти ден по програмата,со стручен локален водич + превоз – 20 еур.
  • факлутатива од  четврти ден  со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45 еур.
  • Факултатива од петти  ден со сите влезници и ручек опишана во програма – 45 еур
  • Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер – 30 еур.
  • Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони по цена од 90 еур до 150 еур по лице)

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН