Kumburgaz Hotel Grand Gold 4*

цена од

125

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.06.2021
15.06.2021
Автобус
Хотел

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација,богато со ресторани и кафулиња на самото крајбрежје, буквално да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето!

План и програма

ПРВ ДЕН

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во 00:00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел GRAND GOLD 4*  кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.

Денот започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

16:30- EMAAR SQUERE MALL

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови

Сместување

Хотел GRAND GOLD

Сместување е во хотел GRAND GOLD со 4* на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица а вкупниот број на соби е 73.Во склоп на хотелот иима два ресторани (на отворено и затворено) и базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење.

Важно

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Mожност за плаќање на 5 рати со депозит ОД 30%/ Уплатата на рати ја вршите по редовните цени.
  • Доколку плаќате на рати попустот не следува и истиот важи исклучиво за целосна уплата.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга
  • ПОПУСТ ОД  20% ВАЖИ ДО 15.04.2021

Цени

Поаѓање

08.06.2021

Враќање

15.06.2021

Поаѓање на 07.06/прво ноќевање на 08.06.2021

Цена

125 EUR

Промо Цена

109 EUR

Поаѓање

15.06.2021

Враќање

22.06.2021

Поаѓање на 14.06/прво ноќевање на 15.06.2021

Цена

129 EUR

Промо Цена

112 EUR

Поаѓање

22.06.2021

Враќање

29.06.2021

Поаѓање на 21.06/прво ноќевање на 22.06.2021

Цена

149 EUR

Промо Цена

125 EUR

Поаѓање

29.06.2021

Враќање

06.07.2021

Поаѓање на 28.06/прво ноќевање на 29.06.2021

Цена

159 EUR

Промо Цена

133 EUR

Поаѓање

06.07.2021

Враќање

13.07.2021

Поаѓање на 05.07/прво ноќевање на 06.07.2021

Цена

159 EUR

Промо Цена

133 EUR

Поаѓање

13.07.2021

Враќање

20.07.2021

Поаѓање на 12.07/прво ноќевање на 13.07.2021

Цена

169 EUR

Промо Цена

142 EUR

Поаѓање

20.07.2021

Враќање

27.07.2021

Поаѓање на 19.07/прво ноќевање на 27.07.2021

Цена

169 EUR

Промо Цена

142 EUR

Поаѓање

27.07.2021

Враќање

03.08.2021

Поаѓање на 26.07/прво ноќевање на 27.07.2021

Цена

169 EUR

Промо Цена

142 EUR

Поаѓање

03.08.2021

Враќање

10.08.2021

Поаѓање на 02.08/прво ноќевање на 03.08.2021

Цена

189 EUR

Промо Цена

152 EUR

Поаѓање

10.08.2021

Враќање

17.08.2021

Поаѓање на 09.08/прво ноќевање на 10.08.2021

Цена

189 EUR

Промо Цена

152 EUR

Поаѓање

17.08.2021

Враќање

24.08.2021

Поаѓање на 16.08/прво ноќевање на 17.08.2021

Цена

189 EUR

Промо Цена

152 EUR

Поаѓање

24.08.2021

Враќање

31.08.2021

Поаѓање на 23.08/прво ноќевање на 24.08.2021

Цена

176 EUR

Промо Цена

145 EUR

Поаѓање

31.08.2021

Враќање

07.09.2021

Поаѓање на 30.08/прво ноќевање на 31.08.2021

Цена

163 EUR

Промо Цена

132 EUR

Поаѓање

07.09.2021

Враќање

14.09.2021

Поаѓање на 06.09/прво ноќевање на 07.09.2021

Цена

149 EUR

Промо Цена

125 EUR

Поаѓање

14.09.2021

Враќање

21.09.2021

Поаѓање на 13.09/прво ноќевање на 14.09.2021

Цена

135 EUR

Промо Цена

112 EUR

Што е вклучено во цената

7 ноќевања во хотел Grand Gold 4* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок

Превоз со високотуристички автобус

Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга

Туристички придружник за време на патувањето

Бесплатни лежалки и пешќири на плажа и базен

Користење на базен

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување (1 евро од ден)

Доплата за сингл соба е 50% плус од редовната сума на аранжманот

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Факултативни излети.

Факултативни излети

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Денот започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.

МОМИНСКА КУЛА (Kiz Kulesi)

Моминската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Моминската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР (Üsküdar)

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden и Таксим Плоштад

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки

VIP ПАКЕТ

65

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Моминска (Девојачка) кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

129

EUR

сега од

103

EUR

цена од

155

EUR

сега од

145

EUR