Лето во Римини, Хотел Naica 3*+

цена од

310

EUR

сега од

279

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
14.06.2023
02.09.2023
Автобус
Хотел

ЕТА ВЕ ВОДИ НА ЛЕТУВАЊЕ ВО РИМИНИ

Почитувани патници,

Пред се ви благодариме на огромниот интерес и пораките кои ги добивме за навремени резервации на нашиот нов и ексклузивен летен аранжман во Римини, Италија.

Escape Travel Agency која веќе 7 години по ред го гради својот успех во насока на задоволување на потребите на патниците, годинава одлучи да започне со реализација на летните аранжмани во Римини, Италија.

Нашата понуда за Римини е градена врз основа на повеќегодишните истражувања и анализа на македонскиот пазар и барањата кои ги имаат македонските туристи. Покрај барањата, ние како агенција одлучивме да се земе предвид и куповната моќ на македонскиот турист бидејќи ние сметаме дека секој заслужува да патува.

Летните аражмани во Римини опфаќаат повеќе сегменти: Подолг престој поради далечината на дестинацијата, автобуски превоз поради пониската цена која може да си ја дозволат повеќето патници и класификацијата на хотелот кој може да си го дозволат повеќето патници.

Зошто Escape Travel смета дека вашата годишна заштеда за летен одмор вреди да ја инвестирате во аранжманот за Римини, Италија?

Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:

  • Аранжманот ви овозможува 10 дена на море! 10 дена присуство на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
  • Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
  • Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
  • Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
  • Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 плажи кои што се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
  • И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
  • Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.

За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.

За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот. Повеќе информации за овие факти можете да дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам? Повеќе информации ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се историските и уникатни знаменитости во Римини кои треба да ги посетите? Кликнете ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се модерните уникатни атракции по кои е познат Римини, а кои можете да ги посетите? Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

 

Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.

Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.

План и програма

Поаѓање од Македонија

Поаѓањето од Македонија е ден пред започнување на аранжманот. Доколку ги гледате термините имајте предвид дека термините се од денот на Check in, а од терминот на Check out.

Патувањето е со автобус во текот на ноќните часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија. Со редовни попатни застанувања за тоалет, храна и одмор.

Поаѓање од Скопје е во 13:00 часот.

Прв ден: Пристигнување во Римини

Пристигнувањето во Римини е предвидено во утринските часови. Со самото пристигнување групата ги остава куферите во хотелот и има слободно време за кафе опуштање по патот. Check in во хотелските соби е по 14:00 часот.

Втор ден во Римини

Вториот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Појадокот е вклучен во цената на аражманот. Додека ручек и вечера, гостите може да си нарачат дирекно во ресторанот на хотелот со плаќање на лице место.

Слободно време за уживање на долгите песочни плажи.

Трет ден во Римини

Третиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично.

Четвртиот ден во Римини

Четвртиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Петиот ден во Римини

Петтиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Шестиот ден во Римини

Шестиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Седмиот ден во Римини

Седмиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Осмиот ден во Римини

Осмиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Деветиот ден во Римини

Деветиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Десетиот ден во Римини

Појадок во хотелот и одјавување од хотелските соби.

Check out: 09:00 часот

Поаѓање кон Македонија.
Почитувани патници имајте предвид дека турите кои ги организираме се нискобуџетни и автобускиот превоз е во кружни тури. Што значи тоа, тоа значи дека со вашето одјавување, треба да бидат подготвени собите за влез на новата група. Нашиот автобус во меѓувреме се чисти и се подготвува за враќање назад, нашите шофери и туристички придружници при самото пристигнување добиваат слободни соби за одмор за враќање назад.

Предвидено време за враќање кон Македонија: 18:00 часот.

Сместување

Хотел Naica 3*+

Сместувањето во Римини е во хотелот Naica кој е хотел со 3+ ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само 250 метри од слободната плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.

Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.

Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.

Собите во хотелот имаат ТV, тоалет и купатило, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.

Хотелот служи континентален појадок.

Собите на хотелот имаат клима уреди.

Хотелот е идеален за групи (друштва), парови и за семејства со деца.

Хотелот има рецепција која работи 24/7.

Хотелот има одлична локација, веднаш до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

Концептот на креветите во хотелските соби ги одредува менаџментот на хотелот, а не агенцијата.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Што е вклучено во цената

9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Naica во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички претставник за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
За сопствен превоз се одзема по 25 евра од цена по лице на аранжман.

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена). Деца под 14 години се ослободени од такса.

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • Почитувани родители, ЕТА е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето.Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.  Ве советуваме и замолуваме  горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
  • Аранжманот за деца до 12 години изнесува 299 евра за сите аранжмани/ освен првиот термин кој е 279 евра.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. ЕТА е агенција која за сите постапува исто. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Цена за пакет: 37 евра

Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот тематски и воден забавен парк во Италија.

Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк

Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции и разни емисии.

Водениот парк има базени. До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден!

Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца. Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз.

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

Посета на Сан Марино

Цена за пакет: 20 евра

Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона.

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 – 19:00 (20km)

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН МАРИНО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ДЕГУСТУВАЊЕ НА ВИНА И ЛИКЕРИ НА САН МАРИНО, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 3 ч.
ЕКСТРА: Разглед на градот СО ВОДИЧ НА САН МАРИНО САН МАРИНО 15€ НА БАРАЊЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ СЛУШАЛКИ

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

Посета на Венеција

Цена за пакет: 75 евра

Целодневна екскурзија со автобус и брод до најромантичниот град во светот, со овластен водич на англиски јазик. Иако многумина од вас го посетиле овој прекрасен, романтичен град, вреди да доживеете уникатно искуство со тура со брод. Програма: Поаѓање во раните утрински часови.

Разгледот на градот вклучува посета на плоштадот Свети Марко со базиликата, Кампаниле, мостот Риалто, Мостот на воздишките и многу други. Факултативно можност за возење со гондола.

Цената се движи од 75 евра за возрасни и 45 евра за деца.

Цената вклучува превоз до Венеција и водич

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

ФИРЕНЦА- ЛУЛКА НА УМЕТНОСТА

Цена за пакет: 65 евра

Целодневна тура до главниот град на ренесансата, со овластен водич на англиски јазик. Фиренца – градот кој се смета за центар на уметноста, каде што најголемите уметници им оставиле наследство на идните генерации, од Данте до Макијавели, од Леонардо до Микеланџело, од Масачо до Донатело. Данте до Макијавели, Леонардо до Микеланџело, Масачо до Донатело.  Поаѓање во раните утрински часови.

Рано утринска обиколка на градот, за време на која ќе ги видите: Пјаца ди Санта Кроче со базиликата, домот на Данте, Пјаца дел Дуомо, надворешноста на базиликата ди Санта Марија во Фиоре, Кампаниле на Џото, Орсанмикеле Кампанил, Орсанмикеле, Пјаца дела Сињорија и Палацо Векио.

Цената варира и се движи околу 65 евра за возрасен и 45 евра за деца

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

РИМ

Цена за пакет: 110 евра

Еднодневна тура со водич на англиски јазик до „големиот град“. Посета на главниот град на Италија и државата Ватикан, седиштето на папите и срцето на католичкиот свет. Легендата вели дека Рим бил основан во 753 п.н.е. и неговото владеење се прошири не само низ Италија, туку подоцна и низ целиот свет, носејќи цивилизација и напредна технологија. По падот на Римската империја, градот останал важен центар на Католичкиот свет, а во подоцнежните векови, благодарение на овој факт, популарно место за создавање значајни уметнички дела.

Програма: Рано наутро поаѓање за Рим, разглед на градот, при што ќе ги видите Колосеумот, Пјаца Венеција, Фонтаната Треви, Пантеон, Пјаца Навона, Плоштадот Свети Петар, Ватикан и базиликата Свети Петар. Можност за индивидуална посета во попладневните часови до Музеите на Ватикан.

Цената варира и се движи околу 110 евра за возрасни и 55 евра за деца.

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ

Цена за пакет: 15 евра

Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик.

ПЕШТАЧКА ТУРА ВО ГРАДОТ НА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР ФЕДЕРИКО ФЕЛИНИ, ГРАД СО ИСТОРИЈА ВО 2000 ГОДИНИ. ОД АНТИЧКИ РИМСКИ СПОМЕНИЦИ ДО СРЕДНОВЕКОВНИ ЗАМОЦИ.

Тура од 12:00 до 14:00 часот

Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки.

Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.

Цената на екскурзијата може да варира (Од пониска до повисока)

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД ПО ЈАДРАНСКА РЕВИЕРА

Цена за пакет: 20 евра

Полудневни крстарења по Ривиера Ромањола со освежување – риба, леб, вино, забава и танцување на бродот.

Цената варира од 16 до 20 евра за возрасен и од 10 до 12 евра за деца.

ИТАЛИЈА ВО МИНИЈАТУРА

Цена за пакет: 23 евра

Италија во минијатура се наоѓа во Висерба (Римини). Минијатура со површина од 85.000 квадратни метри која ви овозможува да ја обиколите должината и широчината на Италија, во неа се сместени 270 споменици кои го претставуваат архитектонско, културно и историско наследство на Италија, како што се Дуомо во Милано, S. Apollinare во Клас во Равена, катедралата Санта Марија дел Фиоре во Фиренца, базиликата Свети Петар и Колосеумот во Рим и Агриџенто на Сицилија. Сите опкружени со повеќе од 5.000 живи дрвја. Идеално место за целото семејство!

Цената варира и се движи од 23 евра за возрасен и 17 евра за дете. Паркот се посетува со јавен автобуски превоз.

ДЕЛФИНАРИУМ

Цена за пакет: 26 евра

Отворен во 2004 година и опфаќа повеќе од 100.000 квадратни метри, Oltremare вклучува аквариуми, отворени простори и атракции. Овој парк успеа да привлече широка публика од сите возрасти.

Во паркот се наоѓа најголемата делфинска лагуна во Европа каде наоѓаме различни морски суштества.

Цената варира и се движи од: возрасни 26 €, деца 20 €. Деца помали од 1 метар не плаќаат. Билетите важат за секој два дена. Сопствен превоз или јавен превоз.

Цената варира и се движи од 26 евра за возрасни и 20 евра за деца.

АКВАФАН

Цена за пакет: 30 евра

Aquafan, еден од најдобрите водни паркови во Италија во многу аспекти, особено за објекти и организираност. Овој успех е благодарение и на неделните настани организирани во рамките на паркот. Цената варира и се движи од: возрасни 30 €, деца 21 €. Деца помали од 1 метар не плаќаат. Билетите важат за секој два дена. Сопствен превоз или јавен автобуски превоз.

Цената варира и се движи од 30 евра за возрасни и 21 евро за деца. Се посетува со јавен автобуски превоз.

КАТОЛИЧКИ АКВАРИУМ (АКВАРИУМ СО АЈКУЛИ)

Цена за пакет: 20 евра

Овој аквариум ќе ви овозможи да се запознаете со светот на ајкулите и разни други морски загрезени виводи на риби. Овде има жолти руги, видри, зелени јастреби, виолетовата и воедно најголемата предаторсска ајкула, разни ракови, медузи и риби. Гостите имаат можност да ги хранат дел од рибите.

Цената варира и се движи од 20 евра за возрасни и 16 евра за деца. Аквариумот се посетува со сопствен автобуски превоз.

ПОСЕТА НА SAN LEO

Цена за пакет: 30 евра

Тура низ сликовите ридови на провинцијата Римини во еден од најубавите борг предели на италија- Градот на Магијата и Вештерките, градот на Гроф Калиостро. Полудневна тура.

ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН ЛЕО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК на турата, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 2,5 ч., ВРАЌАЊЕ ШАТ ОД ИСТОРИСКИ ЦЕНТАР ДО ТВРДИНА
ЕКСТРА: ПОСЕТА НА Тврдина ЦЕЛ 9 ЕВРА, 7 ЕВРА НАД 65, 5 ЕВРА 15-18 ГОДИНИ, ДО 14 ГОДИНА БЕСПЛАТНО

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 -19:00 (35km)

ПОСЕТА НА SANTARCANGELO

Цена за пакет: 20 евра

Вечерна прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ- САНТАРКАНЏЕЛО – ХОТЕЛ СО ПРИРАЧНИК НА ТУРА, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч.
ЕКСТРА: ПОСЕТА НА ПОДЗЕМНИ ПЕШТЕРИ

ПОПЛАДНЕВНА ТУРА 20:00 – 00:00 (20km)

ПОСЕТА НА GRADARA

Цена за пакет: 25 евра

Еден од најубавите средновековни борги на Италија, познат по љубовната приказна на паоло и Франческа со еденод најубавите замоци на семејството Малатешта. Полудневна тура

ПОПЛАДНЕВНА ТУРА 20:00 – 00:30 (20km)

ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – ГРАДАРА – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 2,5 ч.

ПОСЕТА НА URBINO

Цена за пакет: 45 евра

Тура во градот на Федерико Монефелтро, Рафел. Еден од главните градови на ренесансата. Полудневна тура

ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ –УРБИНО– ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч.

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 07:30 – 13:30 (60km)

ПОСЕТА НА RAVENNA

Цена за пакет: 70 евра

Најпознатиот град на Византиските мозаици, град со спомен објекти заштитени од УНЕСКО. Полудневна тура.

ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – РАВЕНА – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ВЛЕЗНИ БИЛЕТИ ВО 5 МУЗЕИ НА РАВЕНА

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 07:00 – 13:30 (60 km)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања