Нова Година во Истанбул 2-Ноќевања

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.12.2020
01.01.2021
Автобус
Хотел

4-та година по ред сме организатори на дочек на нова година во Истанбул. Познати сме по добрата организација, младите ажурни водичи и денските журки на брод кои ги организираме со македонски артисти! Со нас беа над 800 патнци во рок од 3 години па ова година повторно Ве носиме во Истанбул.
Одиме во еднинствениот град кој е на 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа Света Софија или Аја Софија која според многу  архитекти претставува светско чудо.
Аја Софија порано беше музеј и црква, денес е џамија.

Организација којашто не смеете да ја пропуштите, бидејќи веќе е добро докажана!

План и програма

Прв Ден- Вторник (29.12.2020)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Забавата започнува уште од паркингот на Вип Хотел .Поаѓањето е во 15:30ч. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање за потврда на поаѓањето НО времете на поаѓање трпи промени. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови.

Втор Ден- Среда (30.12.2020)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот.

ВТОРИОТ  ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПОСЕТА НА:

  • Истанбулски минијатурк e минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Златниот Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.
  • Облакодерот Сафир  кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област  Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.
  • Чамлиџа Се упатуваме кон азиски Истанбул преку еден од најпознатите мостови, кој претставува симбол на Истанбул заедно со Босфорот и може да се види на секоја сцена од турските серии и секако на интернет. Откако ќе го поминеме тој мост веќе ќе бидеме во Азија, за многумина ова искуство е незаборавно, а она што е интересно е што веднаш по мостот има знак на кој пишува Добредојдовте во Азија. Во азискиот дел одиме на највисокото брдо, кое се вика Чамлиџа и буквално се гледа целата европска страна на Истанбул. Тука ќе се задржиме 20-30 минути и ќе имате можност да се стоплите со турски чај во убавиот дворец со интересно типично турски масички.
  • Посета на Ортаќој
    Познатата населба Ортаќој каде што се прават најдобрите селфиња. Голем дел од жителите сметат дека ова место е најдобро место каде што можете да го доживеете Босфорот и направите најдобрите фотографии, нормално во позадина го имате и босфорскиот мост. Сите филмови што се снимени во Истанбул, на сите има сцени од ова место.
  • Emaar Squere Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
  • Плоштад Таксим главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

 

Трет Ден - Четврток (31.01.2020)

ТРЕТИОТ  ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА
Три часовно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ. (30 €) +  трговски центар.
Дневна журка по Босфор  (Со многу изненадувања за кои ќе се погрижиме ние).
По Крстарењето групата се упатува кон трговски ценар потоа групата се  враќа назад во хотел и има слободно време за ручек и подготовка за најважната ноќ!
НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК на 2021 година ќе ја дочекаме во ресторан со многу забава и музиката е селектирана за сечиј вкус!   (30 €)

Дополнителни информаци за програмата ќе има наскоро доколку епидемиолошка слика ни дозволи реализација на самиот настан.

Четврт Ден - Петок (01.01.2020)

По појадокот во хотелот, го напуштаме хотелот и одиме во најпознатата фабрика за традиционални колачи и локуми каде имате многу голем избор, тоа е фабриката Коска. По Коска се упатуваме кон Фабриката за Кожа каде што може да си купите кожни јакни.

Времетраењето е до 14:00 часот кога групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел 3* во Аксарај

Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби.

Важно

Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција

За деца до 12 години се плаќа на 50% од износот.

Цени

Поаѓање

29.12.2020

Враќање

01.01.2021

Промо цена до 25.11.2020

Цена

99 EUR

Промо Цена

79 EUR

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3*

Автобуски превоз

Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на фабриката КОСКА

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативи

Индивидуални трошоци

Факултативни излети

Пакет 1: Миниатурк парк ,Сафир 4Д Кула, Чамлиџа Панорама,Ортаќој,Emaar Squere Mall, Watergarden и плоштадот Таксим.

40 €

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Watergarden Покрај Emaar Square, групата го посетува Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Плоштад ТАКСИМ
Денот завршува со плоштадот ТАКСИМ или главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Крстарење по Босфор и посета на трговски центар

30 €

Три часовна дневна журка по Босфор, уживање,забава !
Моќната страна на отворениот простор е погледот од милион долари!
Бродот поминува под самиот мост на Босфор и се движи во близина на најлуксузните палати во градот!Музиката е селектирана за сечиј вкус!
Млади, cool и едуцирани водичи!
Фотограф!
И многу други изненадувања изненадувања за кои ќе се погрижиме ние.2

Дочек на нова година 30е

30 €

Дочекот се одвива во  хотел во склоп на ресторанот според сите протоколи.

Пакет 1 (Крстарење, трговски центар и дочек на нова година)

55 €

Доколку се одлучите за пакет 1 имате заштеда од 5е од лице.

Пакет 2 (Сите екскурзии)

90€

Пакет 2 ги влкучува сите екскурзии

Галерија

Локација

Општи услови

Слични патувања