Остров Крф: Вила Атанасиус- Ипсос

цена од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
04.09.2021
11.09.2021
Автобус, Тракет
Вила

Летувајте на остров Крф, со агенцијата која руши рекорди на патници! 2021-ва ќе биде година на најдобрите зајдисонца само со ESCAPE TRAVEL. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

План и програма

ПРВ ДЕН - (Поаѓање) ПЕТОК

Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.

Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.

ВТОР-СЕДМИ ДЕН (Престој)

Во наредните 7 дена предвидени се факултативни посети на Град Крф, Тура Север, Плажа Глифада, Крстарње со брод и крстарње до Паксос и Антипаксос.

За посета на овие факултативни излети програмата ја добивате од нашиот локален водич првиот ден од кога ќе пристигнете на островот.

ОСМИ ДЕН- (Враќање)

Одјавување од собите до 09:00 часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка во Ипсос. Предвидено поаѓање кон Македонија во предпладневните часови.

Сместување

Вила Атанасиус: Ипсос

Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м од одалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Сите простории поседуваат wi-fi мрежа. Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има само решо и дека одредени апартмани имаат поглед кон планината, а на некои кон улица. Апартманите не располагаат со клима.

Цени

Од

04.09.2021

До

11.09.2021

Цена за 7 ноќи+автобус+траект

Цена

119 EUR

Што е вклучено во цената

7 ноќевања – 8 дена на Ипсос, Крф
Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
туристички пратител за време на патувањето и престојот на Ипсос
Билет за траект во два правци

Што не е вклучено во цената

Факултативни излети
Патничко осигурување
ПЦР тест за поаѓање (Само за невакцинираните патници)

Факултативни излети

ГРАД КРФ

Разглед на градот Крф – Турата вклучува автобуски превоз од и до градот Крф. За време на патувањето до градот, водичот ги запознава патниците со историјата и најважните информации за островот, сите оние детали кои се најважни за местото. По пристигнувањето во градот, групата има слободно време за прошетка, шопинг, кафе до договореното време кога се враќа во Ипсос.

Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

ТУРА НА СЕВЕР

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: фабриката за производство на ликери и локални слатки од традиционалното овошје кумкуат, Мавроматис, плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта.

ПЛАЖА ГЛИФАДА

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата.

Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД

Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот се до градчето Касиопи. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, леб и неограничено пиење на вода, сок, црвено или бело вино. По ручекот групата се упатува кон Касиопи каде има слободно време за прошетка, плажа и кафе. На враќање повторно се застанува до уште една плажа за капење и пештера. Враќање во Ипсос некаде околу 17 часот.

КРСТАРЕЊЕ ДО ПАКСОС И АНТИПАКСОС

Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза.

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

АКВА ПАРК

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

BLUE LAGOON И СИВОТА

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.

Важно

  • CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
  • Двокреветни и трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице)
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата.
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ        

Локација

Општи услови

Слични патувања