Златибор за денот на жената

цена од

115

EUR

сега од

104

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
04.03.2021
07.03.2021
Автобус
Апартмани

Златибор е место за сечиј вкус посебно кога целиот град е под снежна покривка.  Исто така е погоден за голем број спортски активности од кои скијањето е дефинитивно најзастапено. Ски центарот Tornik е најголемиот ски центар на Златибор, а од туристичкиот центар оддалечен е 9 км. Познат е по ноќниот живот и  тоа е она што го издвојува од останатите планински дестинации. Ноќните клубови се многу популарни кај помладата популација. Многу познати пејачи настапуваат во клубовите во Златибор и имате загарантирана добра забава. Посетете го ова прекрасно место за денот на жената, 8-ми Март. Златибор (Zlatibor) е планина со исклучителна убавина, која се простира на површина од околу 1000 км². Тоа големо пространство го карактеризираат бујни пасишта, пресечени со реки и потоци. Спојот на природата и урбанизмот е она што најмногу ги привлекува туристите, а тоа е карактеристиката на Златибор. Зачуваната природна средина, здравата храна и чистата вода, начинот на живот во кој се чуваат традиционалните вредности, кои најчесто се заборавени , ги прават златиборските села автентични и привлечни за посета и екскурзии.
Златибор (Zlatibor) е погоден за голем број спортски активности од кои скијањето е дефинитивно најзастапено. Ски центарот Торник е најголемиот ски центар на Златибор, а од туристичкиот центар оддалечен е 9 км.
Ски центарот се состои од 6 обновени и проширени патеки на кои е инсталиран најмодерниот шестосед . Вкупната должина на патеките е 8 км од кои 1 е црна, 2 црвени и 3 сини патеки. Во ски центарот Торник постои и нов вид на инсталација т.н. tubing , која, како и самата жичарница, може да се користи и во летниот и во зимскиот период од годината и нуди неизмерно задоволство и возбуда на сите кои ќе се одлучат да ја пробаат. Ски центарот е опремен и со детско игралиште и рингишпил.

Златибор (Zlatibor) е препознатлив по богатиот ноќен живот. Тоа е она што го издвојува од останатите планински дестинации. Ноќните клубови се многу популарни кај помладата популација. Многу познати пејачи настапуваат во клубовите во Златибор (Zlatibor )и имате загарантирана добра забава.

План и програма

04.03.2021

Состанок на групата во 06:00 на паркингот кај хотел Вип, 06:30 поаѓање кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори. Пристигнување во Златибор. Сместувањето е после 14:00ч во апартманите. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

05.03.2021

Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и  познатата златиборска пршута и кајмак. Ноќевање

06.03.2021

Слободен ден за индивидуални активности. Можност за организирана вечера доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање

07.03.2021

Одјавување од апартманите и заминување кон Македонија во 12:00ч. Пристигнување во Македонија околу 19:00ч

Сместување

Златибор Апартмани

Важно

-За деца до 2.99 години е бесплатно
-За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 50% од вкупната сума

Цени

Поаѓање

04.03.2021

Враќање

07.03.2021

Цена

115 EUR

Промо Цена

104 EUR

Што е вклучено во цената

-Превоз на релација Скопје – Златибор – Скопје
-3 ноќевања во приватни сместувања

Што не е вклучено во цената

-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци
-Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
-Туристичка такса која се плаќа во автобус – 3 евра по лице за три ноќевања

Факултативни излети

Дрвенград- Дело на Емир Костурица

2,5 евра

Дрвенград, исто така познат како Кустендорф и Межавник, е традиционално село што српскиот филмски режисер Емир Кустурица кој го изградил за неговиот филм “Животот е чудо”. Сместено е во областа Златибор во близина на градот Ужице.

Локација

Општи услови

Слични патувања