Златибор за 8-ми Март

цена од

7100

ДЕН

сега од

6510

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.03.2021
08.03.2021
Автобус
Хотел

Зошто да не одбегнете од секојдневниот метеж и да уживате во Златибор и околината за продолжениот викенд 8ми март? Златибор е еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите, а денеседно од најпосетените места на Балканот, достапен и за нас…
Златибор, Дрвенград и Сирогојно ќе Ве воодушеват и ќе Ви дадат спокој и мир, не размислувајте!

План и програма

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс  Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.

Трет ден: 07.03.2021 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и  познатата златиборска пршута и кајмак.Вечерта,факултативно,свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.

Четврти ден: 08.03.2020 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници.  Пристигнување во вечерните часови.

Сместување

Апартмански Комплекс Вила Јелена

Важно

Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Скопје. Цена 10 евра по лице за повратен трансфер

Oва патување може да се реализира со лична карта или пасош

За реализација на ова патување потребно е минимун 30 патници

Цени

Поаѓање

05.03.2021

Враќање

08.03.2021

Цена

6510 ДЕН

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол)
  • Две ноќевања со појадок во Апартмански Комплекс Вила Јелена
  • Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
  • Туристичка такса која се плаќа во хотел – 2 евра по лице за двете ноќи
  • Свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот доколку постои протокол за тоа – 15 евра по лице
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

Факултативни излети

Не постојат факултативни излети на ова патување

Локација

Општи услови

Слични патувања