Златибор (Србија) за Велигден

цена од

8990

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.04.2021
03.05.2021
Автобус
Вила Јелена

Златибор е место за сечиј вкус посебно кога целиот град е под снежна покривка.  Исто така е погоден за голем број спортски активности од кои скијањето е дефинитивно најзастапено. Ски центарот Tornik е најголемиот ски центар на Златибор, а од туристичкиот центар оддалечен е 9 км. Познат е по ноќниот живот и  тоа е она што го издвојува од останатите планински дестинации. Ноќните клубови се многу популарни кај помладата популација. Многу познати пејачи настапуваат во клубовите во Златибор и имате загарантирана добра забава но со оглед дека е пандемијата присутна, ноќните клубови се затворени. Посетете го ова прекрасно место за Велигден. Златибор (Zlatibor) е планина со исклучителна убавина, која се простира на површина од околу 1000 км². Тоа големо пространство го карактеризираат бујни пасишта, пресечени со реки и потоци. Спојот на природата и урбанизмот е она што најмногу ги привлекува туристите, а тоа е карактеристиката на Златибор. Зачуваната природна средина, здравата храна и чистата вода, начинот на живот во кој се чуваат традиционалните вредности, кои најчесто се заборавени , ги прават златиборските села автентични и привлечни за посета и екскурзии.
.
Ски центарот се состои од 6 обновени и проширени патеки на кои е инсталиран најмодерниот шестосед . Вкупната должина на патеките е 8 км од кои 1 е црна, 2 црвени и 3 сини патеки. Во ски центарот Торник постои и нов вид на инсталација т.н. tubing , која, како и самата жичарница, може да се користи и во летниот и во зимскиот период од годината и нуди неизмерно задоволство и возбуда на сите кои ќе се одлучат да ја пробаат. Ски центарот е опремен и со детско игралиште и рингишпил.

 

План и програма

ПРВ ДЕН 29.04.2021

Состанок на групата во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмор.

ВТОР ДЕН 30.04.2021

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс  Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор со посета на некоја од православните цркви за Велики Петок. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.05.2021

Појадок. Факултативно, заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и за познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Можност за посета на црквата ,, Св. Преображение Господово” и присуство на полноќна Литургија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.05.2021

Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20км од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Можност за заеднички празничен Велигденски ручек. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 03.05.2021

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Вила Јелена

Важно

  • За реализација на аранжманот со вклучен превоз потребен е минимум од 30 патници
  • T.A ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • За аранжман со сопствен превоз цената се намалува за 240 денари

Цени

Поаѓање

29.04.2021

Враќање

03.05.2021

цената е од лице

Цена

8990 ДЕН

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Апартмански Комплекс Вила Јелена
  • Посета на Врњачка Бања
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
  • Организиран бесплатен превоз од Кавадарци, Неготино, Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари (околу 80 денари)
  • Посета на Дрвенград (вклучена влезница), Шарганска осмица и Изворот Бела Вода со локален туристички водич – 5 евра
  • Посета на каубојскиот град Ел Пасо со локален туристички водич, вклучена влезница – 5 евра
  • Свечен Велигденски ручек – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Скопје. Цена 10 евра по лице за повратен трансфер.

Факултативни излети

Факултативи

  • Посета на Дрвенград (вклучена влезница), Шарганска осмица и Изворот Бела Вода со локален туристички водич – 5 евра
  • Посета на каубојскиот град Ел Пасо со локален туристички водич, вклучена влезница – 5 евра
  • Свечен Велигденски ручек – 10 евра

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН