Цената на аранжманот е 69 евра до 30.11.2017

Да ја дочекаме оваа Нова Година во Софија заедно, во весела и дружељубива атмосфера..

Градот Софија е главниот град на Бугарија, повеќето од нашите граѓани знаат многу. Се оди таму по работа, за забава, пазарувања, на концерти. Денес овој град, во подножјето на планината Витоша, има преку 1.500.000 жители. Заради својата богата историја, тој е мета на многубројни туристи од целиот свет.

Убав град со симпатични и убави луѓе, особено жени, кои со задоволство ќе ви раскажат интересни приказни, ако случајно ги застанете на улица. Животот, слично како и кај нас, и овде се одвива без големо брзање, смирено, нема нервози.

Остатоците од стариот град Сердика и денес постојат, а во центарот секојдневно се вршат големи ископувања и истражувања. Некогашниот Колосеум и античката Сердика се многу посетени од туристите. Кога ќе шетате по софиските улици, ги разгледувате нејзините споменици и архитектонските зданија, вие ќе се воодушевувате. Кога ќе седите во некоја од софиските кафеани, шетате по улиците и парковите или разговарате со луѓето, вие ќе ја засакате Софија. И веќе на прв поглед ќе знаете дека тоа е љубов на прв поглед.

  • Ден 1

30.12.2017 (сабота)

Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности. 

Пристигнување во Софија. Сместување во Хотел FESTA 4****. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата….

Во вечерните часови, организирано се упатуваме во посета на многубројните ресторани и пицерии кои се наоѓаат во центарот на Софија.

Ноќевање.

  • Ден 2

31.12.2017 (недела)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.

Препорачуваме да се одморите за вечерната прослава

Дочек на Нова Година 2018 во СОФИЈА на некој од плоштадите или во дискотека (факултативно).

  • Ден 3

01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот во 10:30 часот.

Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTERIKEARING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

– Превоз со високо туристички автобус,

– Разглед со локален водич,

– 3 дена/2 ноќевања во Хотел FESTA 4**** на база В/В (ноќевање со појадок),

– Организирана посета на PARADISE CENTERIKEA и RING MАLL,

– Придружник и организација на патувањето

Цената не вклучува:

– Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба 1200 денари

– Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања

-20 евра Дочек на Нова Година во дискотека

Напомена:

  •  За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  •  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  •  Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  •  Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  •  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Хотелот „Феста Софија“ се наоѓа во една од најатрактивните бизнис области на главниот град – бул. Бугарија со брз пристап до центарот на градот. Хотелот е урбан и им нуди на своите гости сè што е потребно за службено патување или сместување на групи за културен туризам. Двата ресторани на хотелот се погодни за организирање прослави, приеми, формални вечери, свадби и коктели.
Гостите имаат салата, сауна, парна бања, фризер и салон за убавина.

Доколку сакате да го погледнете хотелот одблизу ве молиме кликнете ОВДЕ!

Доколку се решивте да ја поминете новага година во Софија заедно со нашата агенција конткатирајте не на:

071-227-847 или 070-532-693

info@escapetravel.mk

https://www.youtube.com/watch?v=rEbtP_n-hPw