Продолжен викенд за 23-ти Октомври во Истанбул!

Home // Продолжен викенд за 23-ти Октомври во Истанбул!

Искористете го неработниот ден 23-ти Октомври и продолжениот викенд за одлично тродневно патување во Истанбул за само 85 евра. Доколку веќе сте се одлучиле да го поминете празникот во Истанбул со нас, контактирајте го вашиот водич Ивана на телефонскиот број 071-227-847!

ПРВ ДЕН- 20.10 (петок)

Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 21.10(сабота)

Планирано пристигнување околу 08-09 часот по турско време. Сместување во хотел и време за одмор во договор со водичот.

Средба на групата со локалниот водич пред хотел и оттаму се упатува пеш кон Аја Софија, Топ Капи.

-10:30h- Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

12:30h- Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН- 22.10 (недела)

По појадокот околу 10 часот групата се сретнува пред хотелот со локалниот водич.

-10:30h – Панорамски разглед на  европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа и Египетскиот пазар. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

–14h – Крстарење по Босфорот и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

-16h – Посета на Долмабахче палатата – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Враќање во хотел, слободно време.

Слободно време до 20:30h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува на ноќен разглед на Истанбул. Светла и романтична тура со која се посетува булеварот Кенеди, мостот на Златниот рог, пиер лоти и уште некои од најубавите предели на европскиот дела на Истанбул. По панорамскиот разглед групата се упатува кон популарниот плоштад Таксим каде ќе има два часа слободно време за прошетка или пијалок во некој од тамошните локали.

ЧЕТВРТ ДЕН- 23.10 (понеделник)

По појадокот групата има слободно време за прошетка или посета на Капали чаршија.

Во 11:30h се одјавува од хотелот и со куферите се упатуваме кон автобус од каде што се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:30 – 17h по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

НАПОМЕНУВАМЕ: Хотелот со три ѕвезди ќе биде одреден во зависност од големината на групата, но ќе биде во населбата Аксарај. На мапата можете да погледнете каде се наоѓа ова населба:

ЦЕНА НА ПАКЕТОТ:

  • РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Е 85 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок (Хотелот е одбележан на мапата подоле)
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО

НАПОМЕНА: При онлајн плаќањето, во цената на аранжманот е вклучено и патничкото осигурување, едно евро од ден

  • Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  1. Аја Софиа
  • Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 20 
  1. Топкапи Палата
  • Некогашната палата на султаните-Цена 20 
  1. Панорамски разглед на Истанбул
  • Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул и Египетскиот пазар- Цена 15 €
  1. Крстарење по Босфор
  • 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  1. Долмабахче
  • Турскиот Версај на султанит- Цена 25 
  1. Ноќен Истанбул
  • Панорамски разглед на градот со автобус
  • 2 часа слободно време на плоштадот Таксим

Цена 15 

  1. Аквариум Туркуазу
  • Најголемиот аквариум во Европа- Цена 15 
  1. Пакет 1
  • Панорама европски азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче
  • Ноќен Истанбул- Цена на пакет 65€
  1. ВИП пакет
  • Сите тури- Цена 110€

За што и да се одлучите нема да погрешите.

За сите дополнителни информации нашиот претставник Ивана Ви стои на располагање. Телефонски број: 0038971227837

Ви посакуваме убав престој во Истанбул.

Со почит,

Escape Travel

Одвојте од вашето време и погледнете го видеото коешто го направивме при нашето патување во Истанбул за време на 1-ви Мај 2017-та година! По видеото подолу на самата страница се наведени сите факултативи.

Првиот ден веднаш по пристигнувањето во Истанбул, групата се сместува. Има време за одмор, а потоа започнува реализацијата на турите: Аја Софија и Топ Капи. Сите овие локалитети се една до друга и оној кој нема да посети некој од нив има слободно време за прошетка или посета на Сината џамија која се наоѓа во непосредна близина или пак можете да пиете кафе во харемот на Султанката Хурем. Нашиот локален водич е со нас за време за целата тура.

Првото место за посета е Аја Софија или Црквата на Пресветата Мудрост, која претставува поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет за речиси илјада години. Во неа се случил и т.н. Голем раскол на црквата или Големата шизма. Света Софија претставува првиот типичен пример за византиска архитектура и се смета од страна на многу архитекти за светско чудо. Едно од најголемите елементи од декорацијата претставуваат шесте илјади лустери, кои го осветлуваат големото внатрешно пространство. Од отоманскиот период денеска се зачувани олтарот или михраб, минибарот, тронот на султанот, двата огромни светилници на Сулејман од 1526 година. Аја Софија е изградена во 537 г. По барање на Јустинијан ПРВИ и била наменета за христијанска катедрала,до 1453 кога фатих Султан Мехмет ја превзема и ја сменил во џамија.Денес се користи како музеј 1935 и во неа може да се видат и христијанските и муслиманските обележја. Посетата на Аја Софија (со локален водич и аудио слушалки) изнесва 20 евра.

Потоа веднаш се упатуваме кон Топ Капи палатата или главната резиденција на Отоманските султани за време на нивното 6 вековно владеење. Во неа може да се видат собите што ги користеле, каде престојувале, како и облеката која ја носеле. Во Топ Капи живееле 4000 луѓе. Топкапи Сарај бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Палатата претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на светско и културно наследство на Турција. Посетата на Топ Капи сарајот (со локален водич) изнесува 20 евра.

По завршувањето на овие факултативи, групата има слободно време за прошетка, ручек или одмор во хотелот. Вечерта исто така е слободна за слободни активности.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со локален водич

Ова е една од најубавите тури каде може да се види и азискиот дел на Истанбул, кој е доста помирен за разлика од европскиот дел кој е поживиот дел од градот и сообраќајот е многу густ. Се почнува од европскиот дел, каде нашиот локален водич ќе ви ги покаже и секако и раскаже за знаменитостите кои ќе ги поминеме со автобусот. Се упатуваме кон азиски Истанбул преку еден од најпознатите мостови, кој претставува симбол на Истанбул заедно со Босфорот и може да се види на секоја сцена од турските серии и секако на интернет. Откако ќе го поминеме тој мост веќе ќе бидеме во Азија, за многумина ова искуство е незаборавно, а она што е интересно е што веднаш по мостот има знак на кој пишува Добредојдовте во Азија. Во азискиот дел одиме на највисокото брдо, кое се вика Чамлиџа и буквално се гледа целата европска страна на Истанбул. Тука ќе се задржиме 20-30 минути и ќе имате можност да се стоплите со турски чај во убавиот дворец со интересно типично турски масички. По завршувањето на посетата на азиската страна, се враќаме на европскиот дел каде ќе го посетиме Египетскиот пазар. Тука во договор со нашиот локален водич ќе одредиме колку време ќе се задржиме, бидејќи не очекува крстарењето по Босфорот и Долмабахче. Оние кои нема да продолжат со групата остануваат тука и потоа сами се враќаат до хотелот кој е близу до пазарот. Останатите продолжуваат со групата.

Инаку што се однесува на Египетскиот пазар, тоа е еден од најстарите чаршии во градот и е втор по големина после Капали чаршија. Изграден е во 1660-та година по големиот пожар во Истанбул. Објектот е дел од Јеми Џамијата. Парите кои се добиваат за изнајмување на продавниците се наменети главно за одржување на џамијата. Има вкупно 85 продавници кои продаваат зачини, турски специјалитети, слатки и сувенири.

Износот на оваа тура е 15 евра по лице.

Што се однесува на останатите факултативи, како што знаете нудиме можност да ги доживеете и другите значајни симболи на Истанбул. Така, веднаш по завршувањето на овој разглед се упатуваме кон пристаништето од каде ќе одиме на крстарење по Босфорот. Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин. Цената на овој факултативен излет изнесува 20 евра по лице.

По завршувањето на крстарењето групата се упатува кон автобусот каде потоа продолжуваме за палатата Долмабахче. Доколку некој не оди на Босфорот, а ќе оди во Долмабхче, има слободно време за прошетка низ Египетскиот пазар и околината и во договореното време се чекаме за да продолжиме кон Долмабахче. Оние кои одат на Босфорот, а не одат на Долмабахче можат да и се приклучат на групата до палатата и таму да имаат слободно време за прошетка или кафе, и потоа заедно да се вратиме во хотелот или пак можат сами да се вратат или да шетаат. Сето тоа е во договор со групата.

Долмабахче палатата или сарајот е турскиот версај во кој живееле Султаните од Отоманската империја, тој е изграден од 5 милиони златници, односно 35 тони злато. Долмабахџе палатата е најголемото место во Турција. Голема е 45.000 м2, има 285 соби, 46 сали, 6 бањи и 68 тоалети. Познатиот Кемал Ататурк последните денови од својот живот ги има поминато во овој сарај. Станува збор за прекрасна градба, која ќе ве воодушеви со својата уникатност. За сето тоа време нашиот водич ќе ви раскажува се што треба да знаете за овој прекрасен сарај. Цената на овој излет со вклучена влезница и локален водич изнесува 25 евра.

По завршувањето на овие тури, се враќаме во хотел и имате слободно време за одмор или прошетка. Вечерта е слободна, а доколку групата има желба може да се оди во посета на некој бар или паб.

По овие посети групата се враќа во хотел или индивидуално шета се до вечерта кога во договореното време се чекаме повторно на рецепција и ќе одиме на турата ноќен разглед на Истанбул. Тука го гледате Истанбул од сосема поинаков аспект, навечер кога сите светла се запалени, кога Истанбул вистински ја покажува својата неверојатна магија. По панорамскиот разглед, се упатуваме кон познатиот плоштад Таксим каде по прошетката ќе имате околу 2 часа слободно време за да го разгледате овој Таксим познат по баровите, живите свирки, бутиците, но и по протестите кои се одржаа тука пред некоја година. По тоа се враќаме во хотел. Ноќен Истанбул со посета на Таксим плоштадот (со локален водич) изнесува 15 евра.

Утрото по појадокот ќе имате слободно време кое можете да го искористите за да прошетата во Капали Чаршија. Најпознатата затоврена чаршија во светот каде можете да најдете буквално се и сешто, од сувенири, марами, слатки, кожа, традиционални производи, до злато и неверојатно скапи производи. Во договореното време, групата се чека со куферите пред хотелот и се упатуваме кон еден од најпознатите трговски центри во Истанбул, трговскиот центар Форум. Центарот се протега на 175.000 квадратни метри. Има 270 локални и светски брендови. Една од најголемите атракции е Turkuazoo-џиновскиот аквариум, и е најголемиот во Европа. Во него живеат 25.000 морски животни меѓу кои се тигар-ајкула пирани и октоподи. За посетителите е можно да ги набљудуваат животните преку стакло или да пливаат со нив. Овој аквариум е во склоп на самиот трговски центар и откако ќе завршите со неговата посета можете да одите на шопинг во трговскиот. Цената на влезницата за аквариумот Туркуазу е 15 евра.

Ќе имате сосема доволно време за шопинг, ќе ви овозможиме повеќе престој таму, бидејќи секако се враќаме во недела и ќе можете да го искористите целиот ден за добар шопинг, ручек и кафе во Старбакс.  Потоа се враќаме кон Македонија.

Она што можеме да ви го дадеме како наша препорака е доколку навистина сакате да го доживеете Истанбул да одите на некоја од турите. Она што ќе го видите и слушнете со водич не е исто како и кога би оделе самите, ќе имате можност да слушнете за секое камче, секое место има своја историја и значајност. Затоа и секогаш турите за Истанбул се доста напорни бидејќи има многу да се види и посети, но нема да зажалите, ќе бидете изморени, но задоволни од тоа што вашите очи имале можност да го впијат. Она што е предност во однос на групните посети е што не мора да чекате за влез во знаменитостите. Редиците за индивидуална посета знаат да бидат доста големи и некогаш се чека со саати, но за лиценцираните турски водичи секогаш постои посебен влез и оддел за земање на влезниците, па така веднаш ќе може да влезете и да не го губите времето од овој магичен град чекајќи во редици, бидејќи и 5 минути залудно потрошени за Истанбул се како еден век.

Знаеме дека секој од вас сака што повеќе да види, и да сте биле и да не сте биле, никогаш не е доволно. Бидејќи 08 март е празник на жената, за вас решивме да направиме промотивни пакети со цел што повеќе да видите и да уживате.

Првиот пакет ги вклучува сите тури од вториот ден: панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, крстарење по Босфорот и посетата на палатата Долмабахче. Редовната цена на овој пакет е 75 евра, но за вас го имаме за 65 по лице. За оние пак кои сакаат да одат на сите тури, за вас имаме ВИП пакет кој ги вклучува сите тури од понудата. Редовната цена на сите тури е 130 евра, но за вас ги имаме за само 110 евра.

  • Турска лира е парична единица на Република Турција. Доколку сакате да пресметате колку е вредноста на валутата во моментот додека сте во Истанбул, користете ја веб-страницата XE- CURRENCY CONVERTER, а до нејзе ќе стапите со еден клик ТУКА!
  • Од октомври 2016 година стандардна временска зона во Турција е UTC / GMT +3 часа.
  • Најкорисен транспорт во Истанбул е железничкиот транспорт којшто помага да се реши застојот во сообраќајот и загадувањето на животната средина. Денес, Истанбул има неколку железнички системи долги околу 175 км. Плановите до 2023 година е да се изгради пруга во должина до 641 км. Првата метро линија беше отворена во 1989 година и се протега низ областите на Aksaray, Otogar, Esenler, Yenibosna и Ататурк аеродромот.
  • Совети од МНР за македонски граѓани при патување надвор од државата

1. Потребни документи за патување во странство:

-Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување. Повеќе информации прочитајте на Патни исправи >>

Патничко осигурување за време на престојот во странство.

  • Македонска амбасада во Анкара, Турција

Адреса: Filistin sokak 30-2/3 Gaziosman Pasha Ankara, Turkey

Телефон: 903 12 446 92 04, 903 12 446 92 05

Факс: 903 12 446 92 06

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје.
Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје, ние кумуницираме преку фејзбук месенџерот, вајбер или инстаграм.
Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејзбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот.
Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка:

Околу превозот! За истанбул се патува по автопатот Е-75, што значи дека не е неопходно да се качите од Скопје, може да ни се придружите во автобусот од попатната станица којашто е најблиску до вашиот дом. На пример: Мотел Македонија, автопатот во близина на Градско, Неготино, Демир Капија, Удово, Гевгелија.

Кликнете ОВДЕ да дознаете зошто треба да се посети Истанбул!