Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt

Escape Travel Agency

12 Интересни Ескејп совети!
a

12 Интересни Ескејп совети

1.Секогаш кога патувате со автобус (исклучиво летниот период) носете со вас ќебе,џемпер или јакна. Кога станува збор за групно патување oбично климате е под 22-20 степени во автобус, не може да се угоди на секој во врска со температурата па доколку ви е ладно, облечете се 🙂

2.Носете влажни марамици. Носете секогаш,бидејќи можат да ви послужат како туш.

3.Доколку не слушате било каква музика а не ви се допаѓа музиката во автобус, ви препорачуваме да си понесете слушалки и да си симнете ваш тип на музика па ќе можете да уживате во патувањето.

4.Секогаш носете си мобилна батерија кога патувате повеќе часови со автобус бидејќи не секогаш има слободни “полначи” во автобус кај возачите.

5.Симнете си офлајн навигација кога патувате.Имајте минимум две. Ќе ви ги препорачаме: maps.me и sygic.

6.Кога влегувате во друга држава вклучете ги своите телефони на роаминг услигите и кога пристигнувате во хотелите секогаш барајте визит-картичка од рецепција.

7.Кога има хитна ситуација не пишувајте смс на водичот.Кога сте во друга држава, често се случува смс пораките да не стигат па ви препорачуваме да се јавите. НЕ ШТЕДЕТЕ ! (90-100 денари нема да ви сменат ништо во животот)

8.Чувајте пари за итни случаи.Доколку го изгубите паричникот, ќе треба да јадете нели? Не ги носете сите пари со вас кога одите на некоја екскурзија. Скријте си дел од парите на скришно место во соба.

9.Кога одите на некој факултативен излет обавезно носете храна и облека со вас. Никогаш не знаете што може да се случи.

10.Секогаш носете чадор со вас.

11.Секогаш имајте резервни најлонски кеси, за да ги складирате валканите алишта. Валканата облека може да ја усмрди чистата.

12.Научете прва помош, ова е општо потребно за во животот 🙂

You don't have permission to register