Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt

Истанбул за 24-ти Мај

Истанбул за 24-ти Мај

€89 €79 per person
Нема ништо поубаво од Мај во Истанбул. Пролетно зеленилото кое го окупира градот и одличната медитеранска клима се причина зошто треба да го одберете Истанбул ако дестинација во месец Мај.
Искористете го продолжениот викенд за празникот на Свети Кирил и патувајте во Истанбул!

ТЕРМИН: 
(ОД 23.05-26.05)
ПРОМО ЦЕНА: 79 ЕВРА/4898 ДЕНАРИ (УПЛАТА ДО: 10.05)
РЕДОВНА ЦЕНА: 89 ЕВРА /5518 ДЕНАРИ

071/227/837 ИЛИ 071/227/847

ВАЖНО:Патната исправа треба да е со рок на важност од најмалку 6месеци пред истекување, во спротивно агенцијата не сноси одговорност доколку при пасошка проверка патникот биде вратен од граничните служби.

ПРВ ДЕН – 23.05 (Четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот.Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два денови пред полаѓање. Часот на поаѓање може и да се промени во случај доколку агенцијата констатира голем сообраќај на граничните премини.

ВТОР ДЕН- 24.05 (Петок)

Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена.

Програмата започнува со реализација на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 10:30h– Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 12:00h– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек. Во 17:00h започнува реализација на ново додадената факултатива која преставува вистинско ноќно доживување на Истанбул.

  • 17:00h– Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО)
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, кое нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    Ноќната тура се завршува со посета на плоштадот „Таксим“. се посетува плоштадотТаксим на кој се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. Овде се наоѓа познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.

ТРЕТ ДЕН- 25.05 (Сабота)
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор.

  • 10:00h: Третиот ден е предвидено да започне со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
  • 11:30h – Посета на Долмабахче – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот.
  • 14:30h – Панорамски разглед на европски Истанбул со лиценциран локален водич. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери се дел од панорамскиот разглед на градот. 
  • 17:00h– Посета на кулата „Сафир“ со 4D проекција. Сафит е облакодер кој до пред неколку години важеше за еден од највисоките станбени згради во Истанбул. Сместен во Левент, Сафир е можност за сите љубители на панорамата да направат прекрасни фотографии од највисокиот спрат каде што се наоѓа 360 степени отворена тераса преградена со стакло. Во внатрешноста на највисокиот спрат се наоѓа кино проекција кој виртуелно ги движи патниците низ Истанбул.

ЧЕТВРТ ДЕН- 26.04 (Недела)
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“.

  • 10:45h– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНИ:
ТЕРМИН: (ОД 23.05-26.05)
ПРОМО ЦЕНА: 79 ЕВРА/4898 ДЕНАРИ (УПЛАТА ДО: 10.05)
РЕДОВНА ЦЕНА: 89 ЕВРА /5518 ДЕНАРИ

071/227/837 ИЛИ 071/227/847

  • РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Е 89 евра!
  • За деца до 11,99 години аранжманот се наплаќа на пола цена.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија и Хиподромот )
  • Посета на трговски ценар „Форум“

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 
  • Топкапи Палата
    Некогашната палата на султаните-Цена 15 
  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот Истанбул- Цена 15 €
  • Аквариум “Туркуазу” – 12 €
  • Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција- 15€ 
  • 5.Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
    Ценар: Emaar Square Mall

    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим
  • Пакет 2- 80 € (Намалување од 92€)
    Крстарење по Босфор

    Долмабахче
    Дневна панорама на европскиот дел
    Облакодер „Сафир“
    Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden)
  • ВИП пакет- Цена: 125€ (Намалување од 137€)
    Сите тури

За што и да се одлучите нема да погрешите. За сите дополнителни информации нашиот претставник Ивана Ви стои на располагање. Телефонски број: 0038971227837

НЕ СТЕ ОД СКОПЈЕ?

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје, ние кумуницираме преку фејзбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејзбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ)

 

0 Reviews
  • Departure/Return Location
    Поаѓање: Дрводекор, Скопје!
  • Departure Time
    Време на поаѓање: Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање за точно време и место
  • Return Time
    Време на враќање: Во договор со водичот!
  • Dress Code
    Препорачано пролетна облека
.
За патување кое е организирано од страна на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ, патникот може да се пријави во сите простории на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10 Откажување од патувањето од страна на патникот.
  1. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
  • склучи писмен договор за патување со патникот
  • му обезбеди на патникот писмен програм на патувањето, општи услови на патувањето како и да го запознае со можностите и понудата за осигурување
  • му исплати на патникот адекватна надокнада по повод благовремено доставениот писмен приговор, поради потполно или делумно неизвршување на услуги опфатени со програмата на патување, по општите услови на патување на Т.А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско - конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци. Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
  3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ Право и должност на патникот е пред се да се запознае со програмот на патувањето како и со содржината на општите услови за патување, кои ги прифаќа со потпишување на договорот во свое име или во име на корисникот за чии потреби се врши уплатата.Патникот е должен да ја изврши уплатата на аранжманот по условите предвидени со програмот на патување како и со договорот. Патникот е должен да, на барање на организаторот, благовремено ги достави сите потребни податоци за организирање на патувањето. Патникот е должен да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и во земјата каде патува. Патникот може да одреди друго лице да го користи аранжманот во негово име (под услов тоа лице да ги задоволува потребите предвидени за одредено патување), и во тој случај патникот е должен да изврши надокнада на реалните трошоци предизвикани со замената, на организаторот. 
 4. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА АРАНЖМАНОТ Цените се објавени во програмот на патување и утврдени се врз основ на договор со нашите странски партнери и не мораат да одговараат со цените објавени на лице место. Разликата во цените не може да биде предмет на рекламација. Организаторот може да предвиди дека некои услуги кои се користат во странство треба да му се платат директно на странскиот партнер, и во тој случај Т.А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ ги презема сите обврски на својот странски партнер кон патникот, за евентуални неизвршени или непотполни услуги. Цената на аранжманот по правило вклучува (доколку не е поинаку назначено во програмот на патување): услуга за превоз, хотелски и угостителски услуги, и организација на патувањето. Доколку е наведено цената може да вклучува и аеродромски такси, како и трошоци за стручен и локален водич. Цената на аранжманот по правило НЕ вклучува (доколку не е поинаку наведено); факултативни излети, трошоци за вадење и добивање виза, влезници за објекти кои се посетуваат и осигурување. Сите видови на посебни услуги (едно креветни соби, додатни оброци и др.) патникот сам ги плаќа и должен е да ги нарача при пријавата на патувањето. Доколку патникот сака посебна услуга за време на патувањето, истата ја плаќа на странскиот партнер во валута на земјата во која се наоѓа. Траењето на аранжманот одредено е со календарска дата (а не час) на поаѓање и враќање, особено кај авио аранжманите, пред се поради апсолутна невозможност во моментот на објавувањето на програмата да се прецизира часот на полетување на одење и враќање за чартер летовите, траење на трансферот и слично. Тоа значи дека првиот и последниот ден не подразбираат одредено време траење на престојот, туку само го означуваат денот на почетокот и завршувањето на патувањето, поради што корисникот на патувањето нема право на приговор (влегување во хотелски соби во попладневни часови, напуштање на собите во раните утрински часови, и слично). 
  5. ПРАВО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА Цената на аранжманот одредена е со ценовник валиден на денот на склучување на договорот кој ги обврзува двете договорни страни, освен во законот за предвидени случаи каде организаторот може да инсистира на зголемување на цената. Организаторот на патувањето може да инсистира на зголемување на договорената цена доколку после потпишувањето на договорот дошло до промена на курсот во размена на валутите, или до промена во тарифите на превозникот кои влијаат врз цената на патувањето. За зголемување на цената организаторот е обврзен да го извести патникот писмено или усмено со образложение. Доколку зголемувањето на договорената цена преминува 10% патникот може да го раскине договорот без обврска за надокнада на штета, но најдоцна два дена од известувањето за зголемување на цената. Во тој случај на патникот му се враќа аконтацијата во целост. Доколку патникот не го почитува рокот, се смета дека е согласен со новата цена. Организаторот е во секое време овластен да, во зависност од состојбата на маркетот и сопствената деловна политика, ја намали цената на аранжманот и истото е валидно само во иднина без оглед на однапред склучен договор, па не може да претставува основ за било каква рекламација кон организаторот за повраток на средства за евентуална разлика во цената. Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето (на пример, попусти од типот “last minute”) не може да се однесуваат на веќе склучени договори и не можат да бидат  основ за било каков приговор или рекламација на патникот на организаторот на патувањето.
 6. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА Понудените хотели, апартмани и други објекти во програмите на Т.А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ опишани се спрема официјалната категоризација. Исхраната, комфорот и другите услуги зависат од цената и се разликуваат во зависност од одредиштето. Организаторот на патувањето не го обврзуваат усните рекламации, на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во писмениот програм на патувањето.
  7. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ / АПАРТМАНИ Распоредот на собите и апартманите е одреден од страна на рецепцијата во местото на престојот. Хотелите кои се користат за летувања составени се од повеќе објекти. Доколку патникот однапред не договорил стриктно за каква соба треба да се работи должен е да прифати било каква службено регистрирана соба/апартман во објект опишан во програмата на патувањето, без оглед на тоа дали собата се наоѓа во централна зграда или пак во друг објект во склоп на хотелските капацитети. Доколку е во можност, организаторот секако ќе му излезе на секој патник во пресрет, но не може да гарантира за исполнување на посебните услуги. Патникот ја превзема одговорноста за почитување на правилата на однесување во објектот каде е сместен, а се однесува на внесување на храна, пијалаци и друго како и изнесување на храна од шведската маса и слично. Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:0 часот (Доколку во куќниот ред не е поинаку назначено). Услугата СЕ ВКЛУЧЕНО ја подразбира услугата по хотелски правила и не мора да биде иста во сите хотели во сите одредишта.  
  1. ЛИЧНИ ИСПРАВИ
Сите услови објавени во програмот на патувањето се однесуваат исклучиво за државјани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а организаторот НЕ Е ДОЛЖЕН да ги предупредува патниците кои не се државјани на истата на условите (визи на пр.), туку е тоа обврска на патникот, странскиот државјанин да ги обезбеди потребните услови и исправи благовремено. Патник кој се пријавува за патување во странство мора да има важечки документи, и во рок предвиден во програмот на патување да ги достави сите потребни документи за виза за земјата во која патува, доколку визата ја вади организаторот. Организаторот не гарантира за добивање на виза. Патникот е тој лично должен да внимава на своите патни исправи и доколку за време на патувањето, дојде до губење или кражба на патна исправа или други документи, трошоците за издавање нова патна исправа како и останати трошоци се на товар на патникот.
  1. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО НА ОТКАЗ
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат, а кои би биле доволна причина за откажување на патувањето. Доколку патувањето се прекинува од вакви причини, организаторот има право на надокнада за услугите кои ги пружил. Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, во склад со одредбите на патувањето, за што е должен да ги извести патниците благовремено, а најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска да изврши повраток на средствата во целост без одлагање, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.
  1. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ
Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето.
  • 30% од цената на чинење за отказ 30 дена пред патувањето.
  • 40% од цената на чинење за отказ 29-15 дена пред патувањето.
  • 70% од цената на чинење за отказ 14-8 дена пред патувањето.
  • 90% од цената на чинење за отказ 7-1 ден пред патувањето.
  • 100% од цената на чинење за отказ на денот на патувањето.
Патникот има обврска да му ги надокнада на организаторот само реалните трошоци доколку до откажување на патувањето дошло поради околности кои не можеле да бидат предвидени, отклонети ни избегнати, а кои би претставувале оправдана причина за несклучување на договор ако постоеле во тоа време. За такви причини патникот мора да достави валидни докази и само под тие услови може да изврши повраток на средства, доколку тие ги надминуваат реалните трошоци. Организаторот на патувањето, во случај да патникот кој го откажал патувањето најде замена или пак организаторот обезбеди замена, на патникот мора да му изврши повраток на сите средства во целост, со одбивање на само реално направените трошоци.
  1. ИЗМЕНА НА ПРОГРАМОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањето има право на измена на програмот на патување, доколку истата е предизвикана од вонредни околности кои не можеле да бидат предвидени од организаторот, со тоа што трошоците настанати како последица на измената на програмот, паѓаат на товар на организаторот. Замена на договореното сместување може да се врши само со употреба на објект од иста или повисока категорија, во исто одредиште.
  1. РЕКЛАМАЦИИ
Секој патник поединечно, има право на приговор поради неизвршена или делумно извршена услуга и обврзан е да приложи писмена рекламација кон организаторот на патувањето најдоцна во рок од 8 дена по завршеното патување. По истекот на овој рок организаторот не е должен да ја земе во предвид рекламацијата. Исто така организаторот не е должен да ги разгледува групните рекламации доставени без полномоштво за застапување, како ни рекламации без конкретен приговор за секој член од групата посебно. Во интерес на патникот е да ја достави рекламацијата лично со потврда за прием од овластено лице.Доколку до неизвршување на услуги дошло по вина на организаторот, патникот има право на оштета во висина на реалните вредности на неискористените услуги. Организаторот е должен да одговори на уредно доставената рекламација во рок од 15 дена од нејзиниот прием.Висината на надокнадата која се исплатува по основаниот и благовремен приговор, сразмерна е со степенот на неизвршената или делумно извршената услуга, што значи дека истата не може да ги вклучи и извршените услуги, ниту пак да го достигне износот на целосната уплата. Организаторот на патувањето одговара за штетата која ја предизвикува на патникот поради потполно или делумно неизвршени обврски кои се однесуваат на организација на патувањето во склад со одредбите на Законот за облигациони односи. Барањето за надокнада на штета се поднесува во тек на патувањето а најдоцна 8 дена по истекот на патувањето. Во интерес на патникот е своето барање да го упати директно на лицето кое ја пружа услугата (рецепција, превозник, туристичка агенција во странство). Доколку приговорите не се уважени, пожелно е да се бара писмена потврда од која ќе се види дека услугата не е извршена како што во програмата на патување е предвидено.
  1. БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж до 15кг на чартер летовите и 20кг на редовните линии. Кај автобускиот чартер превоз дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20кг) по патник. За секој килограм багаж односно секоја патна торба преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, права на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалаци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возило, патникот со лично присуство одговара за истиот. Организаторот на патувањето не превзема одговорност за изгубен, оштетен багаж, ниту за кражба на истиот, за време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник.
  1. 14. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ Превозот со авобусот и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси спрема прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник кој го ангажира организаторот на патувањето.
  • По правило, не постои однапред распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот на патувањето со автобус. Исклучок можат да бидат поедини автобуски патувања; и во таквите случаеви ова патување е регулирано со посебна одредба во самиот програм на патувањето.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Одредбите во врска со патувањата на брод или железница наведени се во програмите на патувањето во кои е предвидено користење на овие превозни средства.
  1. ЦАРИНСКИ ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ
Патникот е должен стриктно да ги почитува царинските и девизните прописи, како во Р. Македонија, така и во земјите во кои е во транзит и крајните одредишта. Во случај на спречување на патувањето поради кршење на наведените прописи, сите последици и трошоци ги сноси самиот патник.
  1. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ќи плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, кое може да се уплати во агенцијата.
  1. ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА
Попустите за деца се одредени од страна на хотелиерите и се толкуваат со ограничување (ако попустот важи за деца до 2 години, за дете со 2 години и еден ден попустот не важи).
  1. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Договорените страни ќе се обидат спорните прашања во врска со овој договор да ги решат спогодбено, а во спротивно надлежен е судот во Скопје.
You don't have permission to register