Побегнете од реалноста!

Последните објави
Top
Image Alt
  /  Истанбул во јуни: Хотел со 5* на море и градски екскурзии

Истанбул во јуни: Хотел со 5* на море и градски екскурзии

€119 €109 per person
3 ноќевања/ 4 дена
Минимум 3 години (Родителите одлучуваат дали детето може да патува околу 12 часа)+ Age

Кога некој ќе ти рече тебе не ти треба класичен одмор, туку патување на кое ќе имаш сè тогаш тебе ти треба овој аранжман. Од хотел со 5* на сама плажа до екскурзии низ Истанбул. Сигурно би сакале од истражување на градот Истанбул да завршите во турска бања или пак на плажа? Затоа не чекајте, за прв пат во Македонија агенцијата Escape ви нуди нешто што ќе има СЀ!

Хотелот Марин Принцес ја очекува нашата група од 14-ти јуни до 16-ти јуни, во кој период хотелот ќе ви овозможи појадок,користење на спа и базени како и прекраско крајбрежје на Мраморно море. Хотелот Марин Принцес проверете го со еден клинк на линкот: http://www.kumburgazmarinprincess.com/ e хотел со 5 ѕвезди на Мраморно море (околу 45км од Истанбул). Хотелот нуди незаборавни зајдисонца. Покрај зајдисонцата преку ден нашата агенција ви организира дополнителни екскурзии низ градот на два континенти. Понудатата е со три ноќевања со вклучен превоз, водич и превоз. Ваше е да одлучите да го запознаете градот од поинаква перспектива. Затоа што Истанбул може воедно да биде многу бучен и многу смирен град. Искористете ја шансата и резервирајте по промо цена од 109 евра во 30.05.2019-та година.

ВАЖНО: Патната исправа (пасошот) треба да е со рок на важност од најмалку 6 месеци пред истекување, во спротивно агенцијата не е одговорна доколку при пасошка проверка патникот биде вратен од граничните служби.

 

ПРОГРАMA:

 

12.06.2019 (Среда): Тргнување:

Средба на групата на Дрводекор во 17:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За точното време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците два дена пред тргнување. Часот на тргнување може и да биде променет во случај доколку агенцијата констатира голем сообраќај на граничните премини.

13.06.2019 (Четврток) ПРВ ДЕН:

Планирано пристигнување во утринските часови.

По самото пристигнување агенцијата ги сместува патниците. Според правилникот на хотелот сместувањето е по 12:00 часот по локално време. Истиот ден на располагање на патниците се: Турска бања, сауна, фитнес сала, надворешен и внатрешен базен.

Четвртокот е прв ден од програмата и е предвиден како слободен ден со слободни активности во рамки на хотелот. Околу хотелот се наоѓаат доста ресторани и места каде што би можеле да се најде храна, пијалоци или исполни слободното време.

14.06.2019 (Петок) ВТОР ДЕН

Вториот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење одределено од менаџментот на хотелот, тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор. Програмата за вториот ден е следната:

  • 09:30h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе..
  • 11:30h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
    Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот.
  • 14:30h- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ ЗА ПРВ ПАТ.
    Панорамски разглед на европски и азиски дел на Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери. Панорамскиот разглед ќе ви даде многу одговори околу стабилната економија на градот. 
  • 17:00h–НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    Ноќната тура завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Овде се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот, а по истата се протега познатата трамвај линија и големиот број дискотеки и кафулиња.
    Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот. 

15.06.2019 (Сабота) ТРЕТ ДЕН:

Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментот на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот.

Третиот ден е определен за релаксација во хотелот и слободни активности.

16.06.2019 (Недела) ЧЕТВРТИОТ ДЕН:

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“. Погледнете како изгледа програмата за последниот ден:

  • 09:30– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 12:00– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3/4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНИ:

ЦЕНА: 109€ или 6758 ден до 01.06

119€ или 7378 денари РЕДОВНА ЦЕНА

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 3 ноќевања во хотел 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок, користење на спа и базени;
  • автобуски превоз со високотуристички автобус;
  • туристички придружник за време на целиот престој;
  • Посета на трговски ценар „Форум

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот Истанбул- Цена 15 €
  • Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €

    • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
      Ценар: Emaar Square Mall

      Ценар: Watergarden
      Плоштад Таксим.
  • ПАКЕТ 80€ е намален на 60€
    НАПОМЕНА-Факултативите се купуваат само како пакет. Бидејќи програмата е комплекса и мора да се реализира според времето. 
  • Аквариум 12€- Напомена: Аквариумот се купува одделно од пакетот бидејќи е последниот ден и е возможно да се посети одделно од останатите екскурзии.
  • НАПОМЕНА: Во случај да не го одберете пакетот екскурзии, агенцијата нема да ви овозможи трансфер до градот. Должност на агенцијата е да ја почитува волјата на оние патници коишто имаат намера да научат нешто повеќе за Истанбул. Слободното време го планираат самите патници. 

0 Reviews
  • Departure/Return Location
    Поаѓање: Дрводекор, Скопје!
  • Departure Time
    Време на поаѓање: 17:00 (Меѓутоа водичот ја контактира групата ден пред тргнување)
  • Return Time
    Време на враќање: Во договор со водичот!
  • Dress Code
    Препорачано летна облека!

Tour Plan

1
12.06.2019 (Среда): Тргнување:
Средба на групата на Дрводекор во 17:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За точното време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците два дена пред тргнување. Часот на тргнување може и да биде променет во случај доколку агенцијата констатира голем сообраќај на граничните премини.
2
13.06.2019 (Четврток) ПРВ ДЕН:
Планирано пристигнување во утринските часови. По самото пристигнување агенцијата ги сместува патниците. Според правилникот на хотелот сместувањето е по 12:00 часот по локално време. Истиот ден на располагање на патниците се: Турска бања, сауна, фитнес сала, надворешен и внатрешен базен. Четвртокот е прв ден од програмата и е предвиден како слободен ден со слободни активности во рамки на хотелот. Околу хотелот се наоѓаат доста ресторани и места каде што би можеле да се најде храна, пијалоци или исполни слободното време.
3
14.06.2019 (Петок) ВТОР ДЕН
Вториот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење одределено од менаџментот на хотелот, тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор. Програмата за вториот ден е следната: 09:30h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР. Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.. 11:30h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот. 14:30h- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ ЗА ПРВ ПАТ. Панорамски разглед на европски и азиски дел на Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери. Панорамскиот разглед ќе ви даде многу одговори околу стабилната економија на градот.  17:00h–НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ! Ноќната тура завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Овде се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот, а по истата се протега познатата трамвај линија и големиот број дискотеки и кафулиња. Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот. 
4
15.06.2019 (Сабота) ТРЕТ ДЕН:
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментот на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. Третиот ден е определен за релаксација во хотелот и слободни активности.
5
16.06.2019 (Недела) ЧЕТВРТИОТ ДЕН:
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“. Погледнете како изгледа програмата за последниот ден: 09:30– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени. 12:00– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3/4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.
  • ИНФО
Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа! Од сега може да извршите резервација преку „BOOK THIS TOUR“ коешто го гледате од десната страна на понудата. Како треба да извршите резервација:
  1. Во првата празнина се пишува името и презимето на лицето коешто ја врши резервацијата.
  2. Во втората празнина се пишува вашата Email адреса која се користи и е активна.
  3. Во третата празнина се пишува потврда на вашата Email адреса (истата)
  4. Во четвртата празнина се пишува телефон за контакт
  5. Петтата празнина е за да се селектира датумот на аранжманот. (ве молиме да внимавате при слекција на датумот, во овој случај за нова година е 29ти декември)
  6. Шестата празнина е за часот на поаѓање, а тоа е 17:00 часот
  7. Седмата се пишува за колку лица е наменет аранжманот. (Имајте предвид дека системот автоматски ја пресметува цената за околку лица колку што ќе селектирате)
  8. Во последниот дел се пишува: Име и презиме, број на пасош и телефонски број на лицето коешто ја врши резервацијата (уште еднаш) Име и презиме, број на пасош и телефонски број на второто лице коешто патува. Име и презиме, број на пасош и телефонски број на останатите патници коишто патуваат. Град на живеење.За да ја завршите процедурата треба да кликнете BOOK THIS TOUR! Со тоа извршувате предрезервација, без уплата. Доколку системот за online уплата не е достапен, треба да се изврши уплата во најблиската банска или пошта. Курсот на еврото се пресметува: 1 ЕВРО= 62 МКД. 
Околу превозот! За истанбул се патува по автопатот Е-75, што значи дека не е неопходно да се качите од Скопје, може да ни се придружите во автобусот од попатната станица којашто е најблиску до вашиот дом. На пример: Мотел Македонија, автопатот во близина на Градско, Неготино, Демир Капија, Удово или граничен премин „Богородица“.  ВАЖНО: ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ ПРЕДРЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНО Е ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА СЛОБОДЕН КАПАЦИТЕТ. ТЕЛЕФОНИ: 071 227 837 ИЛИ 071 227 847!ВО НЕРАБОТНО ВРЕМЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ НА FACEBOOK ПРОФИЛОТ.  
You don't have permission to register