ЗИМУВАЊЕ ВО БАНСКО ВО 2018-та ГОДИНА

ЗИМУВАЊЕ ВО БАНСКО

ROYAL BANSKO APARTHOTEL 

Нашата агенција „Escape Travel“ и годинава го одбра Банско како совршена дестијација за вашата зимска авантура! Според нас, Банско важи за еден од најдобрите и најефтини места коишто може да си ги дозволи секој поединец и притоа да не води грижа за својот џеб. Предноста на Банско е местоположба која нуди навремено и брзо сместување во апартхотелот.

Патниците коишто за првпат го посетуваат нашиот сајт ги советуваме дека погоре наведени се посебни категории за цени, термини, програма, инфо околу сместувањето, совети за оние коишто не се од Скопје и многу други корисни информации. Под секое инфо има фотографии од сместувачкиот капацитет, а веднаш под фотографиите има мапа од точната локација на хотелот. Затоа нашата агенција ги замолува сите заинтересирани внимателно да ја разгледат понудата.

Околу Банско: Овој град во текот на денот нуди потполна комоција на сечиј балкон на кој патниците може да го испијат своето утринско кафе, да шетаат по снегот или разговараат со пријателите околу каминот на некој ресторан, а навечер Банско се претвора во база на добри журки по сечиј вкус.

За оние коишто се’ уште го немаат посетено градот! Тој се наоѓа во јужнозападниот дел на Бугарија, сместен под падините на Пирин планина. Популарниот скијачки центар е сместен на 927м надморска височина и го посетуваат луѓе од целиот свет. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м. Иако Банско има што да понуди во сите сезони од годината, со своите шармантни улички, историски и културни споменици и хотели од висока класа, сепак зимата е период кога најмногу се доживува духот и позитивното расположение на гостите.

Погледнете повеќе фотографии од сместувачкиот капацитет:

За оваа зимска понуда можно е плаќање на рати зависно од избраниот термин.

Royal Bansko Aparthotel се наоѓа на само 750 метри од ски лифтовите.

Сите студиа и апартмани се опремени со кујна и кабелска телевизија. Хотелот располага со 48 соби и апартмани. За гостите е на располагање ски гардероба и бесплатен паркинг. На располагање има и ресторан, лоби бар, базен, интернет и транспорт до ски лифтот.

ТЕРМИНИ: УСЛУГА Цена за уплата до  30.11.2017 Редовна цена
05.01 – 08.01.2018 3HB 99€ 109€
11.01 – 14.01.2018 3HB 99€ 109€
18.01 – 21.01.2018 3HB 99€ 109€
25.01 – 28.01.2018 3HB 89€ 99€
01.02 –04.02.2018 3HB 89€ 99€
08.02 – 11.02.2018 3HB 89€ 99€
15.02 – 18.02.2018 3HB 89€ 99€

Доплати:

  • Дете до 3,99 – Бесплатно
  • Дете 0д 4 – 11,99 год – Плаќа 50% од цената за возрасен
  • Трет возрасен на редовно легло има попуст -20%
  • Еднокреветна соба се доплаќа 80% од цената за двајца

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз Скопје -Банско –Скопје
  • Сместување во хотел Royal Bansko Aparthotel, со вклучен појадок и вечера
  • Раглед на местото со пратител и сите поважни знаменитости, како и запознавање со околината.
  • Организација на дневна и вечерна програма:
  • Организирана посета на ноќен клуб, паб.
  • МЕХАНА – организирана вечера со традиционална музика и храна
  • (присуството во МЕХАНА е опционално, и секој си плаќа порција и пијалок по избор)
  • Пратител на патувањето и во текот на престојот во Банско

АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување
  • Факултативна тура до Бачило
  • Туристичка такса 1 евро на ден

Royal Bansko се наоѓа на околу 750 метри од стартната станица на лифтот и околу 350 метри од ски-патот во населбата Кошерината.

Услуги и забава: Спа центар (затворен базен, сауна, парна бања, фитнес); ресторан, лоби бар; паркинг; тенис на терен, билјард; пинг-понг!

Соби: Објектот располага со апартман со една спална, две спални и студио.

Сакате да дознаете повеќе инфо за хотелот? Во тој случај посетете ја нивната официјална вебстраница со еден клик ОВДЕ!

  • 1 ден : Состанок и поаѓање на групата во раните утрински часови. Пристигнување во Банско и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности. Ноќевање.
  • Инфо за прв ден: За време на првиот ден патниците може да ги користат „Спа центарот“, „Базенот“, „Фитнес салата“, „Салата за спортски активности“.
  • 16:00ч – разглед на градот,знаменитостите и локалите.
  • Вечера во хотелот.
  • Ноќевање.
  • 2 ден : Ден за слободни активности и индивидуални прошетки. Ноќевања
  • Инфо за втор ден: За време на вториот ден патниците може слободно да ги користат „Спа центарот“, „Базенот“, „Фитнес салата“, „Салата за спортски активности“.
  • Вечера во хотелот.
  • 21:30 – Организирана вечер во МЕХАНА 00:00 – Организирана посета на ноќен клуб
  • Ноќевање.
  • 3 ден : Инфо за трет ден:
  • За време на третиот ден патниците може слободно да ги користат „Спа центарот“, „Базенот“, „Фитнес салата“, „Салата за спортски активности“
  • 10:00 – По сопствен избор, заедничка посета на бачило Организирана вечера во хотелот.
  • 22:00 – Организирана посета на локален паб.
  • 4 ден: Инфо за четвртиот ден:
  • Појадок.
  • По појадокот, собите се напуштаат до 10:00ч.
  • Слободно време за прошетка и шопинг до 14:00.
  • Поаѓање за Скопје во 15:00ч.

Слободни активности и припрема за заминување. Напуштање на хотелите. Поаѓање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа!Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје, ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм.

Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка:

ИНФО: Курсот на 1 евро се смета по 62 денари.

Околу превозот! За Банско се заминува од Скопје, притоа може да се приклучите на групата онаму каде што попатно ви е најблиску од вашето место на живеење. Околу транспортот се координираме преку телефонски разговор.

Одвојте неколку минути и запознајте се со убавините на Банско.