5 ресторани со спектакуларен поглед ширум светот

Свесни сме дека покрај привлечните фотографии од оброкот за да се зголеми клиентелата на еден локал фали уште нешто. Рестораните низ Европа се базираат да имаат што по оригинален ентериер, поглед и атмосфера кои ќе го привлече и задржи окото на посетителот. Шарени ѕидови, футуристички мебел, добра музика, фин персонал, други дизајнерски атракции се она што ги одвојува најдобрите ресторани, од сите останати.

Atmosphere
Носител на нашата листа, а воедно и на Гинисов рекорд за највисок ресторан од земјата, сместен на 442 метри височина е ресторанот Атмосфер. Се наоѓа во Бурџ Калифа на 122-ри кат на највисоката зграда на светот и е еден од најдобрите ресторани во светот познат по луксузните специјалитети, одлична храна заедно со панорамски поглед кон Арапскиот залив и небесната атмосфера.


Elba Italian Restaurant
Вториот на нашата листа воедно и втор највисок ресторан во светот е Елба италијански ресторан лоциран во хотелот „Сент Реџис“ во Кина нуди јадења приготвени од инспирацијата на светските готвачи. Може да се пофали со вкусни, домашни тестенини, паста и пици кои се комбинираат со сортни вина.


Sky Restaurant 634
Трет на нашата листа е небесниот ресторан 634 се наоѓа на 345 метри над земја, и дава чувството на магијата исполнета од светлината и спектакуларната глетка на градот. Дополнета е со специјалитети кои се мешавина на француска техника и јапонски вкус, кои ќе ве остават без здив. Тој е втор ресторан по големина во Токио.


Stratosphere’s Top of the World Restaurant
Четвртото место на нашата листата го зазема Top of the World ресторанот кој се наоѓа на 844 метри над Лас Вегас. Хотел и кула кој нуди специјални јадења како шницли и морски плодови, надополнети со свежи сезонски состојки и прекрасно искуство. Ќе уживате во ротирањето на ресторанот од 360 степени на секои 80 минути, тоа е тоа што го одзема здивот на секој посетител.  


Sirocco, Thailand
Петти на нашата листа е познат ресторан во Бангкок се наоѓа на 829 метри височина на 63-ти кат на Државната кула. Ресторанот нуди кулинарско доживување од 5 ѕвезди, со џез музика ќе уживате во европски и азиски специјалитети и панорамскиот поглед, кои се толку популарни што на патниците им е наложено да ги направат своите резервации пред неколку недели за да може да уживаат овде.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR