Menu

Париз во Јануари

цена од

499

EUR

сега од

399

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
12.01.2024
15.01.2024
Авион
Хотел

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…

Што е вклучено во цената

  • Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел IBIS STYLES PARIS ASNIERES 3***, на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

План и програма

12.01.24 петок Скопје - Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:40 часот. Полетување кон Париз во 06:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:45 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер и сместување во хотел. Слободно време за одмор а во попладневните часови пешачки разглед на Париз со локален водич (со доплата).По завршување на разгледот следуваат индивидуални прошетки и враќање во хотел.Ноќевање.

13.01.24 сабота | Париз – Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена

Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр , слободно време а во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

14.01.24 недела | Версај или Дизниленд

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај или за оние што сакаат повеќе забава – Дизниленд. Версај е изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз. Дизниленд е најпознатиот забавен парк кој се состои од два одделни делови, Дизниленд парк и Дизниленд студио.Во паркот се сместени многу атракции како за помладите така и за нивните родители, возови, замок од бајките, куќа на стравот, брод за крстарење, летачки и вселенски бродови, гусарски пештери и многу други атракции.Дизни студиото е помало и во него се наоѓаат сите атракции поврзани со играните филмови. Исто така има и кино.Посетата на Дизниленд е индивидуална, со РАР.

15.01.24 понеделник | Париз - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 13:10 часот.

Сместување

IBIS STYLES PARIS ASNIERES 3

Сместување во хотел IBIS STYLES PARIS ASNIERES 3*, на услуга BB;

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Лувр

Цена за пакет: 60 евра

вклучена влезница и локален водич

Разглед на градот со локален водич

Цена за пакет: 20 евра

Крстарење со брод по Сена

Цена за пакет: 20 евра

Посета на Дизниленд

Цена за пакет: од 79 евра

цените почнуваат од 79 Еур. по лице , точна цена при резервација.

Посета на Версај

Цена за пакет: 80 евра

со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер

Ајфелова Кула

Цена за пакет: од 28 евра

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат – 28 €, до трет кат – 38 € (со лифт) – на лице место

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања