zako.mk © 2024
Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.
Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 04:20 часот. Полетување за Будимпешта во 06:20 часот. Слетување во Будимпешта во 07:45 часот.Следува организиран трансфер и разглед на градот (со локален водич).По завршување на разгледот, следува сместување во хотел.Одмор а во договорено време се упатувате со пратителот на групата кон центарот на градот .Ноќевање.
Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Навечер можност за факултативна посета на традиционален ресторан – ЧАРДАШ.Богато мени, цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости.Многу забава, што вреди да се доживее а ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време кое што може да го искористите за посета на највпечатливите места или посета на некој трговски центар. Во доцните попладневни часови следува една прекрасна прошетка со брод . Сосема поразлично доживување на овој прекрасен град…Ноќевање.
Ран појадок или ланч пакет. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 08.40 часот. Слетување во Скопје во 10.05 часот.
Хотел со појадок
НАПОМЕНА:
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично
zako.mk © 2024