Menu

Малта за 8-ми Март

цена од

299

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.03.2025
10.03.2025
Авион, Автобус
Хотел

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.

 

Што е вклучено во цената

-Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;

-Аеродромски такси

-Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;

-Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;

-Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;

-Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;

-Професионална организација на аранжманот;

 

Задолжително пријавување за факултативните излети во агенција !!!

Што не е вклучено во цената

-Доплата за куфер од 20 kg;

-Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа во агенција);

-Целодневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 60 €;

-Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;

-Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €;

( задолжителна факултатива )

-Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек и влезници во објекти или локации;

-Индивидуални трошоци;

-Патничко – здравствено осигурување;

План и програма

Прв ден 07.03.2025 Петок СКОПЈЕ - МАЛТА

за Малта во 17:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.

Втор ден 08.03.2025 Сабота Малта - Валета - Мдина

Појадок. Предлог – факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко – катедралата на Свети Јован (St. John’s Co – Cathedral), дом на ремек – делото на Караваџо (Caravaggio) – “Обезглавувањето на Свети Јован” (“The Beheading of Saint John”). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

Трет ден 09.03.2025 Малта - Гозо

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Templesпостара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности и ручек во организација на агенцијата.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден 10.03.2025 Малта – Marsaxlokk - Скопје

Појадок. За последниот ден можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 19:35 часот. Слетување во Скопје во 21:20 часот.

Сместување

Сместување во хотел 3*на Малта

– Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

-Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел Агенси

-Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

-Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

-За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Валета и центарална Малта

Цена за пакет: 60 евра

-Целодневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 60 €;

Островот Гозо

Цена за пакет: 60 евра

– Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;

Факултативен излет – Marsaxlokk

Цена за пакет: 30 евра

-Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €;

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања