Menu

Будимпешта со авион – 8ми Март

цена од

399

EUR

сега од

359

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.03.2025
09.03.2025
Авион
Хотел

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, 𝐚 благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

Не размислувајте дали да се препуштите во магијата! Јавете се и резервирајте:

𝟎𝟕𝟏-𝟐𝟐𝟕-𝟖𝟒𝟕. 𝟎𝟕𝟏-𝟐𝟐𝟕-𝟖𝟏𝟕(Бисер)
𝟎𝟕𝟏-𝟐𝟐𝟕-𝟖𝟑𝟕. 𝟎𝟕𝟐-𝟑𝟏𝟔-𝟐𝟐𝟕(Центар)

Што е вклучено во цената

-Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

-Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;Сместување во двокреветни соби во хотел – 4 ноќевања со појадок;

-Трансфер аеродром – хотел – аеродром

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

-Разглед на Будим со локален водич – 15 €

-Вечера во ресторан – чарда (со трансфер) – 50 €;

-Крстарење со брод по Дунав – 25 €;

-Факултативна посета на Сент Андреа – 35 €;

-Влезница за бањата Szechenyi – 45 €;

-Туристичка такса 12 € по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)

-Влезници за музеите и културно – историските споменици;

-Задолжително патничко – здравствено осигурување;

-Доплата за еднокреветна соба;

План и програма

1. ден (05.03.2025 - среда) Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 15:10 часот. Полетување за Будимпешта во 17:10 часот. Слетување во Будимпешта во 18:35 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел.

 

2. ден (06.03.2025 - четврток) Будимпешта – (разглед,крстарење,Чардаш)

Појадок. После појадокот следува разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)… Посета ја започнуваме со посета на познатата Рибарска тврдина, продолжуваме пешки попатно разгледувајќи ги околните објекти, преку мостот се упатуваме кон центарот на Пешта, каде ќе ги разгледаме Црквата Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Вац…Слободно време за индивидуални активности.Враќање назад во хотел. Ноќевање.

3. ден (07.03.2025 - петок) Будимпешта – бањата Szechenyi

Појадок. По појадокот следува слободно време или посета на бањата Szechenyi во Будимпешта, една од најдобрите и најголеми спа бањи во Европа која со своите 15 внатрешни и 3 големи надворешни базени, сауни, парни бањи, па дури и спа стаклена градина на покривот е една од најголемите традиционални

затворени спа одморалишта во Европа. Слободно попладне. Навечер можност за факултативна посета на традиционален ресторан – ЧАРДАШ.Богато мени, цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости.Многу забава, што вреди да се доживее а ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.

4. ден (08.03.2025 - сабота) Будимпешта – Сент Андреа

Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта.Во попладневните часови е предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на градот од брод. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

5. ден (09.03.2025 - недела) Будимпешта - Скопје

Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 08.35 часот. Слетување во Скопје во 10.00 часот.

Сместување

Хотел 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • Организатор на аранжманот е Ескејп Травел – ЕТА
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 14 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Разглед на Будимпешта со локален водич

Цена за пакет: 15 €

Крстарење со брод по Дунав

Цена за пакет: 25 €

Факултативна посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 35 €

Вечера во ресторан – чарда (со трансфер)

Цена за пакет: 50 €

Влезница за бањата Szechenyi

Цена за пакет: 45 €

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања